1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.
2Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.
Марсеј заедно со урбаната зона околу него е една од најгусто населените области во Франција, односно е трета по големина, зад париската и лионската област. Градското население во Марсеј е околу 821.000 жители, а во пошироката градска агломерација околу 1.804.000 жители (2007).
Значењето на Марсеј како пристаниште се зголемило во 19 век, пред сè како резултат на колонизирањето на Африка, откривањето на Суецкиот Канал и развивањето на трговијата.
Најпопуларен спортски клуб е фудбалскиот клуб, Олимпик Марсеј, којшто има освоено вкупно 8 шампионски титули во француското првенство и една титула во Лигата на Шампионите на УЕФА во 1993 година, како и две финалиња на УЕФА купот во 1999 и 2004 година.