Вајмар

Вајмар
Грб на Вајмар
Вајмар во рамките на Германија
Вајмар
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Урбан округ
Градски единици 12 окрузи
Градоначалник Штефан Волф (СДП)
Основни податоци
Површина 84,26 км2
Надм. височина 208 м
Население 65.098 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 773 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WE
Пошт. бр. 99401–99441
Повик. бр. 03643, 036453
Портал www.weimar.de
Местоположба на градот Вајмар во Тирингија
Местоположба на градот Вајмар во Тирингија
Местоположба на градот Вајмар во Тирингија
Координати 50°59′0″N 11°19′0″E / 50.98333° СГШ; 11.31667° ИГД / 50.98333; 11.31667Координати: 50°59′0″N 11°19′0″E / 50.98333° СГШ; 11.31667° ИГД / 50.98333; 11.31667
Класичен Вајмар
светско наследство на УНЕСКО
Поглед на Вајмар
Критериумкултурно: iii, vi
Навод846
Запис1998 (22. заседание)

Вајмар (германски: Weimar) — град во Германија, познат по неговото културно наследство. Се наоѓа во сојузната покраина Тирингија (германски: Thüringen), северно од Тириншката Шума, источно од Ерфурт и југозападно од Хале и Лајпциг. Најстарите податоци за градот потекнуваат од 899. Вајмар бил главен град на Војводството (по 1815 Големо Војводство) Саксо-Вајмар (германски Sachsen-Weimar).

Културното наследство на Вајмар е огромно. Најчесто е препознаван како место каде бил потпишан првиот демократски устав на Германија по Првата светска војна, давајќи го своето име на Вајмарската Република во периодот од 1918–1933. Меѓутоа, градот бил исто така клучна точка во германското преродбеништво и дом на водечките личности во литературата на Вајмарскиот класицизам, писателите Гете и Шилер. Музичарот Карл Филип Емануел Бах е роден тука. Градот бил исто така родно место на движењето Баухаус, основано во 1919 од Валтер Гропиус, со уметниците Василиј Кандински, Паул Кле, Оскар Шлемер и Лионел Фејнингер, кои предавале во Баухаус школата во Вајмар. Многу места во центарот на градот се означени како дел од светското културно наследство на УНЕСКО.

Географија

Тирингија е една од најмалите покраини во Германија. Градот Вајмар е означен како независен град, со дополнителни 17 окрузи и 5 други независни градови во тирингија. Вајмар е 4. најголем град во Тирингија, со население од околу 65.000 жители.

Соседни градови се Јена и Ерфурт, главниот град на Тирингија. Градот се наоѓа долж реката Илм. Во долината на реката Илм води сојузниот автопат Б87 од Илменау до Лајпциг и двете железници: Ilmbahn помеѓу Кранихфелд и Вајмар и брзата железница од Берлин до Франкфурт на Мајна помеѓу Вајмар и Гросхеринген.

Градот лежи североисточно од Тириншката Шума, 25 минути со воз или автомобил.

Градски окрузи

  • Ерингсдорф
  • Габерндорф
  • Гелмерода
  • Холцдорф
  • Легефелд
  • Нидергрунштет
  • Обервајмар
  • Посендорф
  • Шендорф
  • Зисенброн
  • Таубах
  • Тифурт
  • Требсдорф

Историја и култура

Градскиот замок во Вајмар
Споменикот на Гете и Шилер пред Германскиот национален театар.

Најстарите документи околу Вајмар потекнуваат од 899 година. Неговото име се менувало низ вековите од Wimares преку Wimari до Wimar и конечно Вајмар (Weimar); најверојатно поекнува од старогорногерманскиот збор wih 'holy' + mari 'застоена вода, мочуриште'.[2] Во 1410 ги добил градските права, иако растот на градот бил сериозно попречен од пожарите во 1424.

Во 1552, Вајмар станал главен град на Војводството Саксо-Вајмар (германски: Sachsen-Weimar) и останал до 1918.

XVIII и XIX век

Во текот на владеењето на Ана Амалија (1758–1775) и нејзиниот син Карл Август (1809–1828), Вајмар станал важен културен центар на Европа, станувајќи дом на личности како што се Гете, Шилер и Хердер; и во музиката виртуозот на пијано Хумел (ученик на Моцарт), Лист и Бах. Рихард Штраус работел во Вајмар пет години како втор диригент во реномираната Staatskapelle Weimar (симфониски оркестар основан во 1491). Некои од неговите биса за дела како што се Јованче и Марика, Дон Жуан и Магбет биле изведени тука. Се сметал како место на поклонение за германската интелигенција откако Гете прв се преселил во Вајмар кон крајот на 18 век. Гете бил исто така активен во граѓанските должности додека живеел во Вајмар. Подолг период служел како советник на Големиот војвода од Саксо-Вајмар-Ајзенах. Гробовите на Гете и Шилер, како и нивните архиви, можат да се најдат во градот.

Вајмарска Република

Периодот во германската историја од 1919 до 1933, најчесто е познат како Вајмарска Република, бидејќи уставот на Републиката бил потпишан тука. Берлин како главен град бил сметан за преопасен за да се користи како место на одржување на Националното собрание, поради неговите улични немири по Ноемвриската револуција во 1918 г.

Движење Баухаус

Валтер Гропиус ја основал школата за Баухаус и движењето во Вајмар во 1919. Школата имала за цел да учи нови кадри и да го развие модернистичкиот стил. Универзитетот Баухаус и Високата школа за музика „Франц Лист“ привлекле многу студенти во областа на уметноста, медиумите и дизајнот, архитектурата, градежништвото и музиката. Баухаус во Вајмар траел од 1919 до 1925, кога се преселил во Десау, откако новоизбраниот десничарски градски совет извршил притисок на Школата преку кратење на финансиските средства и закани кон нејзините предавачи да се откажат.

Денес, многу градби во Вајмар имаат влијание од овој период. Меѓутоа, само една оригинална градба во баухаус била изградена во текот на 1919-1925, Haus am Horn, сега користена за изложби и настани во баухаус-културата. Баухаус музејот на Theaterplatz, нуди изложба на дела од периодот на баухаус во Вајмар и прикажува информативен филм за влијанието на движењето во градот Вајмар.

Нацистичка Германија и Втората светска војна

Главната порта на Бухенвалд, со слоганот Jedem das Seine (буквално, „секому, неговото“, но метафорично „секој го добива она што го заслужил“)

Во 1937, нацистите го изградиле концентрацискиот камп Бухенвалд, само осум километри од центарот на градот Вајмар. Слоганот Jedem das Seine (буквално, „секому, неговото“, но метафорично „секој го добива она што го заслужил“) било поставена над главната влезна порта на кампот. Помеѓу јули 1938 и април 1945, околу 240.000 биле затворени во кампот под нацистичкиот режим, вклучувајќи 168 граѓани од западните земји.[3] Бројката на убиени во Бухенвалд е проценета на 56.545.[4] Концентрацискиот камп Бухенвалд обезбедил работна сила за локалната индустрија (воената индустрија Wilhelm-Gustloff-Werk).[5]

Сојузниците влегле во Вајмар и кампот во април 1945 и градот бил опколен од американската 80. пешадиска дивизија на 12 април 1945.[6] На жителите на Вајмар им било наредено да поминат низ Бухенвалд, да видат што се случувало близу градот. Градот завршил во советската окупациска зона, со што американските трупи биле заменети со руски сили. Од 1945 до 1950, Советскиот Сојуз го користел Бухенвалд за притворените нацисти и други Германци. Слоганот на кампот останал. На 6 јануари 1950, Советите го предале Бухенвалд на министерството за внатрешни работи на Источна Германија.

Источна Германија

Вајмар бил дел од Германската Демократска Република (ГДР) од 1949 до 1990.

Поново време

Европскиот совет на министри го избрал градот како европска престолнина на културата за 1999.

На 2 септември 2004 избувнал пожар во библиотеката на Војвотката Ана Амалија. Библиотеката содржела збирка од 13.000 дела, вклучувајќи го ремек-делото на Гете Фауст, како и музичка збирка на војвотката. Оригинална лутеранска библија од 1534 била спасена од пожарот. Штетата се броела во милиони долари. Бројот на книги во оваа историска библиотека надминал еден милион, од кои 40.000 до 50.000 биле уништени во текот на обновата. Библиотеката, која потекнува од 1691, припаѓа на светското културно наследство на УНЕСКО и е една од најстарите библиотеки во Европа. Пожарот се вбројува во една од најголемите културни загуби за Германија, Европа и општо за светот. Голем број на книги биле замрзнати во Лајпциг со цел заштита од распаѓање. На 24 октомври 2007, библиотеката била повторно отворена. На посетителите им било препорачано да резервираат билети неколку месеци однапред.

Година на Лист 2011

Вајмар и покраината Тирингија го прославиле 200-годишнината од раѓањето на Лист во 2011.

Места на интерес

Куќа на Лист
Руини на храмот на Темпларите во Вајмар
  • Национален музеј на Гете и куќата на Гете
  • Градинарска куќа на Гете
  • Куќа на Шилер и музеј на Шилер
  • Историските гробишта со гробови на Гете и ковчегот на Шилер, но без неговите посмртни остатоци
  • Парк на Илм
  • Wittumspalais
  • Музеј Лист
  • Музеј во замокот
  • Германски национален театар
  • Нов музеј Вајмар
  • Музеј за Баухаус
  • Главна зграда на Универзитетот Баухаус (планирана од Анри ван де Велде)
  • Споменик Бухенвалд
  • Архив Ниче
  • Schlossmuseum
  • Замок Тифурт
  • Замок Кохберг
  • Замок Белведере
  • Железнички музеј
  • Вајмарски руини

Пазар на кромид

Пазарот на кромид (Weimarer Zwiebelmarkt) — годишен фестивал, кој се одржува во октомври во Вајмар и е најголем фестивал во тирингија. Фестивалот трае три дена и се поставени околу 500 тезги низ градот и се одржуваат повеќе од 100 културни настани.

Вајмар првпат го прославил овој фестивал во 1653. Тезгите типично нудат кромид, разни уметнички дела и ракотворби, како и друг вид на храна заснована на кромид, вклучувајќи колачи од кромид, супа од кромид и леб од кромид.

Познати жители на Вајмар

Куќа на Шилер
Градинарска куќа на Гете

Образование

Универзитети

  • Универзитет Баухаус-Вајмар (порано познат како Уметничка академија Вајмар, а по 1945 Универзитет за архитектура и градежништво) моментално има околу 4.500 студенти на 4 факултети (архитектура, градежништво, дизајн и медиуми). Зградите на Универзитетот се дел од светското културно наследство од 1996.
  • Висока школа за музика Франц Лист (поврзан со Универзитетот Фридрих Шилер Јена и Институтот за музика Вајмар-Јена) моментално има околу 850 студенти.
  • Europäische Jugendbildungs- und Jugendbegegnungsstätte Weimar

Архиви

  • Централен архив на Тирингија
  • Вајмарски градски архив
  • Архив на Гете и Шилер
  • Модернистичка архива

Библиотеки

  • Покраинска библиотека
  • Библиотека на војвотката Ана Амалија
  • Универзитетска библиотека Баухаус (Universitätsbibliothek/UB der Bauhaus-Universität)
  • Библиотека на Високата школа за музика (Bibliothek der Hochschule für Musik)
  • Библиотека на ГДР кај Таубах

Сообраќај

Главна железничка станица Вајмар

Како не толку голем град, Вајмар е добро поврзан преку градските автобуси, кои ги опслужуваат и сите околни гратчиња и села. Еден автобус поаѓа секој час кон споменикот Бухенвалд. Исто така, на многу места низ градот постои можност да се изнајмат велосипеди. Вајмар е дел од велосипедската патека Гете и велосипедската патека Долина Илм.

Вајмар е поврзан преку автопатот А4 и двата сојузни автопати Б7 и Б85.

Железничката станица во Вајмар е дел од експресната железничка линија (ICE) од Франкфурт, до Дрезден и Берлин, со возови на секој час. Возот ICE до Лајпциг стигнува за 50 минути, додека до Дрезден за два часа. Постојат и регионални возови до соседните градови Ерфурт и Јена, кои траат по околу 15 минути кон секој град.

Најблиски аеродроми се во Ерфурт и Лајпциг/Хале.

Меѓународни односи

Вајмар е збратимен со:

Вајмар како тема во уметноста

Поврзано

Наводи

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. Gitta Günther, Wolfram Huschke, and Walter Steiner, Weimar (Böhlau, 1993), p. 494.
  3. Bartel, Walter: Buchenwald—Mahnung und Verpflichtung: Dokumente und Berichte, Kongress-Verlag, 1960. p. 87, line 8. (германски)
  4. Podcast with one of 2000 Danish policemen in Buchenwald. Архивирано на 13 октомври 2007 г. Episode 6 is about statistics for the number of deaths at Buchenwald.
  5. Edward Victor.Alphabetical List of Camps, Subcamps and Other Camps.www.edwardvictor.com/Holocaust/List %20 of %20 camps.htm
  6. Stanton, Shelby, World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946, Stackpole Books, p. 150
  7. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 220.

Надворешни врски