Оверњ-Рона-Алпи
Оверњ-Рона-Алпи Auvergne-Rhône-Alpes | ||
---|---|---|
Земја | Франција | |
Префектура | Лион | |
Департмани | 12
| |
Управа | ||
• Претседател | Лоран Вокје (Р) | |
Површина | ||
• Вкупна | 69.711 км2 (26,916 ми2) | |
Население (2012) | ||
• Вкупно | 7.695.264 | |
• Густина | 110/км2 (290/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Оверњ-Рона-Алпи (француски: Auvergne-Rhône-Alpes, франкопровансалски: Ôvèrgne-Rôno-Ârpes, окситански: Auvèrnhe Ròse Aups) — регион во Франција, создаден со територијалната реформа од 2014 г. спојувајќи ги дотогашните региони Оверњ и Рона-Алпи. Новиот регион стапил на сила на 1 јануари 2016 г. по регионалните избори од декември 2015 г.[1]
Регионот зафаќа површина од 69.711 км2 и има население од 7.695.264 жители, на второ место по земјата, по Ил де Франс.[2]
Географија
Оверњ-Рона-Алпи граничи со регионите Окситанија и Прованса-Алпи-Азурен Брег на југ, Бургундија-Франш Конте на север, Нова Аквитанија на запад, Швајцарија (кантоните Женева, Вале и Во) и Италија (Аостинска Долина и Пиемонт) на североисток и исток.
Департмани
Регионот ги опфаќа следниве департмани:
- Алје
- Ардеш
- Горна Лоара
- Горна Савоја
- Дром
- Ен
- Изер
- Кантал
- Лоара
- Пиј де Дом
- Рона
- Савоја
Позначајни населени места
- Лион (500.715) — главен град (префектура)
- Сент Етјен (171.260)
- Гренобл (155.637)
- Вилурбан (145.150) — во Метропола Лион
- Клермон Феран (139.860)
Поврзано
Наводи
- ↑ „La carte à 13 régions définitivement adoptée“. Le Monde. Agence France-Presse. 17 December 2014. Посетено на 13 January 2015.
- ↑ „Insee - Populations légales 2012 - Populations légales 2012 des régions“. INSEE. Посетено на 16 January 2015.
Надворешни врски
- Портал на регионот Оверњ-Рона-Алпи (француски)
- Спојување на регионите — Франција 3 (француски)
|