Митологија на Инките
Цивилизација на Инките |
---|
Митологијата на Инките вклучува поголем број на приказни и легенди со митолошки карактер и тие помагаат да се објаснат верувањата на Инките. Сите христијански свештеници кои пристигнале во Јужна Америка по шпанската колонизација ги запалиле записите на Инките.
Божества
- Апу - бог на планината. Секоја планина имала свој апу и се принесувале жртви.
- Апокатеквил - бог на молњите.
- Атагучу - бог кој помогнал во создавањето на светот.
- Катеквил - бог на молњите и светлината.
- Кавилаке - божица-девица која јадела овошје.
- Часка - божица на залезот и на зората. Таа ги заштитувала невините девојки.
- Часка Којлру - божица на цвеќињата.
- Куку Мама - божица на здравјето и задоволството. Таа била жена која била растргната од млади мажи кои биле заљубени во неа. Таа се „препородила“ во првото какако растение.
- Конираја - бил божество на месечината.
- Копакати - била божица на езерата.
- Екеко - бил бог на здравјето и на благосостојбата.
- Илапа - бил популарен бог на времето. Неговиот празник бил на 25 јули.
- Инти бил бог на сонцето и заштитник на луѓето. Тој се сметал за најзначаен бог.
- Кон - бил бог на дождот и ветрот кој дошол од југ. Тој бил син на Инти и Мама Квила.
- Мама Алпа - била божица на плодноста.
- Мама Коча ("мајка на морето") -ибарите и морепловците.
- Мама Пача - била жена на Пачакамак и божество на билките. Таа предизвикувала земјотреси.
- Мама Квила („мајка-месечина“) - божица на месечината и ќерка на Виракоча и Мама Коча.
- Мама Зара - божица на житариците, била поврзана со пченката.
- Пача Камак („создавач на земјата“) - бог-создавач.
- Паријакака - бог на водата, дождовите и бог-создавач.
- Парисија - бог кој испратил поплава за да ги убие луѓето кои не го почитувале.
- Супај - бог на смертта и владател на Ука Пача.
- Уркагвари - бог на металите, скапоцените камења и слични вредни минерали.
- Уркучилај - бог кој внимавал над животните.
- Виракоча - бог на сè. На почетокот бил главен бог, но кога Пачакутек станал Инка, ги сменил значењата на Виракоча и Инти.
Значајни места
- Уку Пача ("долен свет") било подземјето сместено во средината на земјата.
- Кај Пача бил светот во кој живееме.
- Ханан Пача ("горен свет") бил рајот. Само негрешни луѓе можеле да влезат таму.
Поврзано
|
Претколумбовски цивилизации
| ||||
---|---|---|---|---|
Америка | Палеоиндијанци · Генетика на американските староседелци · Археологија во Америка · Староседелски народи во Америка | |||
Северна Америка | Северноамерикански претколумбовски култури · Хоупвел · Мисисипска | |||
Средна Америка | Средноамериканска претколумбовска хронологија – Капача – Чичимекани – Чолула – Гран Кокле – Епиолмеци – Хуастеци – Изапа – Миштеци – Олмеци – Пипили – Традиција на гробови на вратило & Теучитлан – Таранскан – Теотивакан – Тлатилко – Толтеци – Тотонаци – Веракрус – Шочипала – Запотек | |||
Јужна Америка | Староседелски народи во Јужна Америка – Претколумбовска хронологија – Кањари – Чачапоја – Чанкај – Чавин – Чиму – Ел Абра – Хидрауличка култура на насипи – Лас Вегас – Лима – Ла Толита – Мантењо Гванкавилка – Мапуче – Моче – Мољо – Муиска – Нарињо – Насканска – Норте Чико – Кимбаја – Сан Агустин – Шуари – Сикан – Таинци – Тајрона – Тиванаку – Тиерадентро – Валдивија – Вари | |||
Ацтечко царство | Мајанска цивилизација | Тавантинсују (Инки) | ||
Јазик | Наватлски јазик | Мајански јазици | Кечуански јазик | |
Писмо | Ацтечко писмо | Мајанско писмо | Кипу | |
Религија | Ацтечка религија | Мајанска религија | Религија на Инките | |
Митологија | Ацтечка митологија | Мајанска митологија | Митологија на Инките | |
Календар | Ацтечки календар | Мајански календар | ||
Општество | Ацтечко општество | Мајанско општество | Општество на Инките | |
Инфраструктура | Чинампа | Мајанска архитектура | Архитектура на Инките (патен систем) Земјоделство на Инките | |
Историја | Ацтечка историја | Мајанска историја | Историја на Инките Кралство Куско | |
Луѓе | Моктезума I Моктезума II Куитла Куахтемок |
Кинич Ханаб Пакал Текун Уман |
Манко Капак Пачакутек Атахуалпа Манко Инка Јупанки | |
Освојувања | Шпанско освојување на Ацтеките (Ернан Кортес) |
Шпанско освојување на Јукатан (Франсиско де Монтехо) Шпанско освојување на Гватемала (Педро де Алварадо) |
Шпанско освојување на царството на Инките (Франсиско Писаро) | |
Поврзано | ||||
Портал:Индијанци – Колумбовска разамена – Средноамерикански системи на пишување – Староседелска американска кујна – Староседелско американско грнчарство – Демографска историја на американските староседелци – Претколумбовска уметност – Цртање во Америка пред колонизацијата |