Миштеци
Миштеците (миштечки: туун сави, шпански: Mixtecos) — староседелски народ на територијата на Средна Америка, поточно на териториите на мексиканските сојузни држави Оашака, Гереро и Пуебла. Регионот кој овој народ го населувале/ населуваат се нарекува Ла Миштека или на шпански La Mixteca. Мајчини јазици на овој народ се миштечките јазици.
Поимот Миштеци доаѓа од ацтечкиот збор миштекапан што значи „место на луѓето-облаци“. Самите Миштеци се нарекуваат себеси со повеќе имиња, меѓу кои њуу сави, њуу џау, њуу дави, сеан дави, даан дави, туун сави, наа сави и други, во зависност од локалната верзија на јазикот. Кевин Терасиано го користел помот Њуѕахуи (Ñudzahui) што во превод значи „луѓе од дождливото место“.
Преглед
Во преколумбовскиот период, Миштеците биле едни од главните цивилизации во Мезоамерика. Важни миштечки стари центри миле стариот главен град Тилантонго, како и Ачиутлае, Куилапан, Хуамелулпан, Митла, Тлашиако, Тутутепек, Хаштлахуака и Јукуњудахуи. Миштеците, исто така, направиле големи градби во стариот град Монте Албан, кој бил изграден од Запотеците. Производите на Миштеците, кои воглавно биле од камен, дрво и метал, биле ширум познати во Мезоамерика.
Ацтеките, во својата најголема политичка моќ, наплатувале надоместоци во миштечките области, но важно е да се напомене дека не сите миштечки градови биле вазали на Ацтечката Империја. Исто така, Миштеците дале голем отпор кон шпанската окупација. Денес, голем број Миштеци се раселени низ Мексико и САД, особено во пограничниот регион.
Географија
Миштечката територија, историски и современо, се совпаѓа со западната половина на сојузната држава Оашака, со некои миштечки населби во соседните сојузни држави Пуебла на северозапад и Гереро. Миштечката татковина е поделена на три географски и културни региони:
- Миштека Алта или Планински Миштеци - е планински регион, западно од долината Оашака,
- Миштека Баха или Рамничарски Миштеци- е рамничарски регион околу планините, и
- Миштека де ла Коста или Крајбрежни Миштеци- е регионот околу брегот на Тихиот Океан.
Низ историјата, најдоминантен миштечки регион бил планинскиот, каде се наоѓал и главниот град на Миштеците. Рамничарскиот регион бил оспоруван регион, односно за него и Миштеците и Запотеците тврделе дека е нивен. Пештерата во басенот Коиштлахуака било свето место за Миштеците.
Култура
Миштечките јазици, во своите различни варијанти, го зборувале околу 300.000 жители според проценката од крајот на 20 век. Сепак, голем дел од Миштеците се двојазично, односно можат професионално да зборуваат шпански.
Во антропологијата, Миштеците се познати по нивните кодекси каде е запишана нивната историја. Кодексите се направено од кожа од елен. Најпозната приказна за Миштеците е таа за кралот Осум елени, кој пак го добил своето име по датумот на раѓање. Некои познати миштечки кодекси се Кодекс Бодли и Кодекс Зуче-Нутал, каде е запазен животот на кралот Осум елени.
Поврзано
- Претколумбовски период
- Миштечки јазици
Надворешни врски
- Библиографија за Миштеците Архивирано на 9 јули 2007 г.
- Миштечки свет Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Миштечки свет на Миштечкиот универзитет за технологија Архивирано на 10 септември 2006 г.
- Миштечки јазик Архивирано на 17 ноември 2012 г.
- Стари писма: миштечко
Претколумбовски цивилизации
| ||||
---|---|---|---|---|
Америка | Палеоиндијанци · Генетика на американските староседелци · Археологија во Америка · Староседелски народи во Америка | |||
Северна Америка | Северноамерикански претколумбовски култури · Хоупвел · Мисисипска | |||
Средна Америка | Средноамериканска претколумбовска хронологија – Капача – Чичимекани – Чолула – Гран Кокле – Епиолмеци – Хуастеци – Изапа – Миштеци – Олмеци – Пипили – Традиција на гробови на вратило & Теучитлан – Таранскан – Теотивакан – Тлатилко – Толтеци – Тотонаци – Веракрус – Шочипала – Запотек | |||
Јужна Америка | Староседелски народи во Јужна Америка – Претколумбовска хронологија – Кањари – Чачапоја – Чанкај – Чавин – Чиму – Ел Абра – Хидрауличка култура на насипи – Лас Вегас – Лима – Ла Толита – Мантењо Гванкавилка – Мапуче – Моче – Мољо – Муиска – Нарињо – Насканска – Норте Чико – Кимбаја – Сан Агустин – Шуари – Сикан – Таинци – Тајрона – Тиванаку – Тиерадентро – Валдивија – Вари | |||
Ацтечко царство | Мајанска цивилизација | Тавантинсују (Инки) | ||
Јазик | Наватлски јазик | Мајански јазици | Кечуански јазик | |
Писмо | Ацтечко писмо | Мајанско писмо | Кипу | |
Религија | Ацтечка религија | Мајанска религија | Религија на Инките | |
Митологија | Ацтечка митологија | Мајанска митологија | Митологија на Инките | |
Календар | Ацтечки календар | Мајански календар | ||
Општество | Ацтечко општество | Мајанско општество | Општество на Инките | |
Инфраструктура | Чинампа | Мајанска архитектура | Архитектура на Инките (патен систем) Земјоделство на Инките | |
Историја | Ацтечка историја | Мајанска историја | Историја на Инките Кралство Куско | |
Луѓе | Моктезума I Моктезума II Куитла Куахтемок |
Кинич Ханаб Пакал Текун Уман |
Манко Капак Пачакутек Атахуалпа Манко Инка Јупанки | |
Освојувања | Шпанско освојување на Ацтеките (Ернан Кортес) |
Шпанско освојување на Јукатан (Франсиско де Монтехо) Шпанско освојување на Гватемала (Педро де Алварадо) |
Шпанско освојување на царството на Инките (Франсиско Писаро) | |
Поврзано | ||||
Портал:Индијанци – Колумбовска разамена – Средноамерикански системи на пишување – Староседелска американска кујна – Староседелско американско грнчарство – Демографска историја на американските староседелци – Претколумбовска уметност – Цртање во Америка пред колонизацијата |
|