Перко Колевски
Перко Колевски | |
---|---|
Министер за здравство | |
На должноста 20 март 1991 – 5 септември 1992 | |
Претседател | Никола Кљусев |
Претходник | нема |
Наследник | Јован Тофоски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 27 декември 1944 Бунеш |
Починал(а) | 17 декември 2021 |
Националност | Македонец |
Перко Колевски (27 декември 1944 во Бунеш, Пробиштипско - 17 декември 2021) — македонски доктор, професор и прв министер за здравство на Република Македонија.
Животопис
Перко Колевски во 1977 година учествувал во првите пресадувања на бубрег во Република Македонија[1]. Во 1987 година бил одликуван со Орден за заслуга за народ со сребрена ѕвезда[2].
Колевски е специјалист по трансфузиологија и имунологија и е професор на Скопскиот универзитет. Од 20 март 1991 до 5 септември 1992 бил министер за здравство на Република Македонија.
Колевски бил член на Лекарската комора на Македонија.
Поврзано
Наводи
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 712
- ↑ КРВОДАРУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ГОДИНИТЕ НАНАЗАД
Претходник нема |
Министер за здравство на Република Македонија 20 март 1991 – 5 септември 1992 |
Наследник Јован Тофоски |
|