Сиена

Сиена
општина
Città di Siena
Поглед Пјаца дел Кампо (Плоштад Кампо), со кулата Манџа (Torre del Mangia) и Црквата Санта Марија
Поглед Пјаца дел Кампо (Плоштад Кампо), со кулата Манџа (Torre del Mangia) и Црквата Санта Марија
Грб на Сиена
Сиена во рамките на покраината Сиена и Тоскана
Сиена во рамките на покраината Сиена и Тоскана
ЗемјаИталија
РегионТоскана
ПокраинаСиена (SI)
ПоделоциКосталпино, Изола д’Арбија, Таверне д’Арбија, Сан Минијато, Вињано, Руфоло
Управа
 • ГрадоначалникБруно Валентини (PD)
Површина
 • Вкупна118 км2 (46 ми2)
Надм. вис.&10000000000000322000000322 м
Население (30 ноември 2012[1])
 • Вкупно52.774
 • Густина450/км2 (1,200/ми2)
Демонимсиенчани
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.53100, 53010
Повик. бр.0577
Светец-заштитникСв. Ансан/
Амвросиј од Сиена
Слава1 декември/
8 октомври
Мреж. местоМатична страница
Историски центар на Сиена
светско наследство на УНЕСКО
Пјаца дел Кампо.
Критериумкултурно: i, ii, iv
Навод717
Запис1995 (19. заседание)

Сиена (италијански: Siena) — италијански град, сместен во регионот Тоскана, средишна Италија. Градот претставува главен град на покраината Сиена. Градот е познат по своето уметничко наследство како и по својот урбанистички средновековен стил.

Овој град бил изграден како римска колонија во времето на царот Октавијан Август.

Сиена е позната по својата кујна, уметност, музеи, средновековниот изглед и натпреварот со коњи познат како Палио, кој се одржува двапати годишно, на 2 јули и 16 август. Се работи за коњска трка во која учествуваат по десет претставници од сиенските квартови или таканаречените контради (итал. contrade). Победничкиот кварт ја прославува победата со банкет до раните утрински часови.

Историскиот центар на Сиена бил прогласен од УНЕСКО за светско културно наследство.[2] Градот претставува една од најпосетуваните туристички одредишта во земјата, со преку 163.000 меѓународни посетители во 2008.[3]

Меѓународни односи

Збратимени градови

Сиена е збратимена со:

Наводи

  1. Податоци од Истат
  2. „Историски центар на Сиена - светско културно наследство на УНЕСКО“. Whc.unesco.org. 3 декември 2009. Посетено на 19 јуни 2012.
  3. „Euromonitor Internationals Top City Destinations Ranking > Euromonitor archive“. Euromonitor.com. 12 декември 2008. Посетено на 9 април 2010.
  4. „Jumelages et Relations Internationales - Avignon“. Avignon.fr (француски). Архивирано од изворникот на 2013-07-16. Посетено на 13 јули 2013.
  5. „Atlas français de la coopération décentralisée et des autres actions extérieures“. Ministère des affaires étrangères (француски). Архивирано од изворникот на 2013-02-26. Посетено на 13 јули 2013.

Надворешни врски