Товар на докажување
Товарот на докажување (лат. onus probandi) е обврската да се промени во сопствена корист наводниот заклучок којшто претставува спротивно мислење (ова може да се сфати или во негативна или во позитивна смисла). Докажување може да се постигне само со докази.
Под латинската максима necessitas probandi incumbit ei qui agit лежи основното правило кое вели „неопходноста да се докаже нешто лежи во рацете на оној што тужи“. Така, докажувањето вообичаено лежи на товар на странката којашто поднесува нова тужба. Исклучок на ова правило е кога постои случај prima facie.
Тој што не го носи товарот на докажување, носи претполагање на невиност, со значење дека нема потреба од никаков доказ да го поддржи неговото тврдење. Докажувањето ефикасно ја презема контролата врз претполагањето на невиност, така што го префрла товарот на докажување на другата странка.
Докажувањето е особено значајно прашање во областа на правото и науката.
Видови товари
Општоземено постојат два вида на товар :
- „Правниот товар“ или „товар во вид на убедување“ е обврска која останува на товар на една единствена странка за време на целото времетраење на тужбата. Еднаш штом товарот целосно е растеретен на задоволство на истражителот, странката на чии плеќи лежи товарот ќе успее да ја добие тужбата. На пример, претполагањето на невиност го сместува правниот товар на грб на обвинителството чија задача е да ги докаже дека сите елементи на одбраната (најчесто без да постои разумно сомневање) и да докаже дека сите одбрани се лажни освен одбраните сторени во самодбрана во кои докажувањето непостоење на сите вакви одбрани не се смета за нужна обврска на обвинителството.[1]
- „Товарот на водечките докази“ е обврска која се менува меѓу странките во текот на сослушувањето или судењето. Една странка може да достави докази коишто судот ќе ги смета за prima facie докази во одредени ситуации. Ова создава товар на докажување врз обвинителството да претстави докази кои ќе докажат дека претполагањето на невиност е неточна.
Стандард на докажување
„Стандардот на докажување“ е нивото на докажување кое се бара во една правна постапка со цел да се докаже, т.е. да се убеди судот дека даден предлог е вистинит. Степенот на докажувње зависи од околностите во кои настанал предлогот. Типично, повеќето земји имаат две нивоа на докажување:
- одмерување докази – најниско ниво на докажување (најчесто се применува при судења за граѓански спорови)
- докажување вина без да постои никакво разумно сомневање дека тоа не е така – највисоко ниво, најчесто во судења за кривични спорови)
Покрај овие, САД воведе и трет стандард наречен стандард на јасни и убедувачки докази, кои се смета за средно ниво на докажување, кое се применува, најчесто во случаи во кои државата бара да се прекинат нечии родителски права.
Првиот обид да се изрази основаното сомневање беше направен од страна Симон во 1970 г. При обидот, таа на група студенти им претставила како изгледа едно судење. Половина од студентите решавале за виновноста или невиновноста на оптужениот. Другата половина сметајќи ја веројатноста, изразена во процент, решила дека оптужениот извршил криминал. Таа тогаш ја поврза најголемата веројатност за вина со пресудите кои го осудуваат оптужениот и најмалата веројатност за вина со ослободителните пресуди. Од ова, таа проценува дека границата за основано сомневање се наоѓа некаде меѓу највисоката веројатност за вина поврзана со ослободителна пресуда и меѓу најниската веројатност за вина поврзана со осуда. Од овие примери, Симон заклучува дека стандардот се наоѓа некаде 0.70 и 0.74.[2]
Стандарди за претрес, за апсење или за налози
Основано сомневање
Основано сомневање е низок стандард на докажување во САД со цел да се одлучи дали краток претрес од страна на полициски службеник или владин агент е неопходен. Значајно е да се забележи дека ова застанување и/или претрес мора да биде кратко; неговата деталност е пропорционална со и ограничена од нискиот стандард на докажување. Построг стандард на докажување (честопати веројатна причина) ќе се бара кога е неопходен подетален претрес. Во случајот Тери против Охајо (Terry v. Ohio, 392 U.S. 1; 1968). Врховниот суд во САД пресудил дека основаното сомневање бара специфично сомневање, сомневање кое може да се докаже, сомневање поврзано со определена личност или предмет, сомневање дека се планирало кривично дело. Чист погодок или „претчувтство“ не е доволна причина да претставува основано сомневање.
Основ за апсење
Веројатниот основ е релативно низок стандард на докажување, којшто се применува во САД да се утврди дали еден претрес, или налог, е оправдан. Исто така, се применува и при случаи во кои одлучува голема порота дали да покрене обвинение. Во контекст на граѓанското право, овој стандард често се применува кога тужителите бараат правен лек за нанесената штета.
Во контекст на кривичното право, Врховниот суд на САД во случајот САД против Соколов (United States v. Sokolow), 490 САД. 1 (1989), утврди дека веројатниот основ бара „веројатност дека ќе се пронајдат докази за постоење на кривично дело“ кога одлучуваше дали службениците при Управата за управување со лекови имале причина да извршат претрес. Одлуките на судовите варираат кога треба да проценат што претставува „фер веројатност“, некои велат 30%, некои 40%, некои 50%.
Добра илустрација за овој вид сериско докажување може да се смета типична интеракција меѓу еден полициски службеник и еден граѓанин. Разгледајте ги следниве три интеракции:
→ не се бара никакво ниво на сомневање : средба меѓу полициски службеник и граганин без никакво противење
→ се бара причина за постоење основано сомневање : запирање предизвикано од страна на полицискиот службеник што би предизвикало едно разумно лице да почувствува дека не е слободно да си отиде
→ неопходен е веројатен основ : апсење.
Стандарди на претставување случаи или одбрани
Принцип на реалност
Овој принцип е стандард на докажување којшто се користи да се утврди дали може да се примени одредена кривична одбрана. Тестот опфаќа прашања дали една одбрана би била успешна ако се претпостави дека сите наведени факти се вистинити. Во повеќето случаи, товарот на докажување лежи единствено на страната на обвинителството, негирајќи ја потребата за каква било одбрана. Сепак, кога се јавуваат исклучоци и кога товарот на докажување е префрлен на страната на оптужениот, од него се бара да постави одбрана која што е „реална“. Два случаи кои може да придонесат вакво нешто да произлезе се, првиот кога е постои prima facie случај против обвинетиот, и вториот кога одбраната се вади на т.н афирмативна одбрана (која што го оправдува стореното дело), како што е самоодбраната.
Стандарди за осудување
Урамнотеженост на веројатностите
Урамнотеженоста на веројатностите, исто така позната како одмерување докази, е стандардот којшто е непходен при повеќето граѓански случаи. Стандардот е исполнет ако се претпоставува дека предлогот е повеќе вистински отколку лажен. За стандардот ефикасно да се задоволи потребно е да постојат повеќе од 50% дека предлогот е вистинит. Лорд Денинг, во Miller v. Minister of Pensions,[3] едноставно го опишува тоа како „поверојатно“.
Јасни и убедувачки докази
Јасни и убедувачки докази е највисокото ниво на товар на убедување што некогаш било употребено при граѓанската постапка во САД. Да се докаже нешто со „јасни и убедувачки докази“, странката, на чијшто грб паѓа товарот на докажување, мора да ги убеди поротата или судијата дека значително е поверојатно тврдењата во суштина да се вистинити. Ова е понезначително барање од тоа „да се докаже дека за постоењето одредено зло е одговорен обвинетиот и никој друг“, коешто бара од поротата или судијата да бидат речиси сигурни во вистината на наложената проблематика, но е построго во однос на барањето кое го налага принципот на „одмерување докази“, којшто едноставно налага наведената проблематика да има далеку повеќе шанси да е вистинита отколку лажна.
Докажување вина без да постои основано сомневање дека обвинетиот е сторителот
Ова е стандард којшто се бара да го исполни обвинителството во повеќето кривични случаи во рамки на адверсативните системи како највисоко ниво на убедување. Ова значи дека предлогот претставен од државата мора да се докаже до тој степен така што нема да постои никакво „основано сомнение“ во разумот на едно лице дека обвинетиот е виновен. Сепак, може да постои сомневање, но само до степен којшто не би влијаел врз верувањето на едно „разумно лице“ дека обвинетиот е виновен. Ако сомневањето што е предизвикано влијае врз верувањето на една „разумна личност“ дека обвинетиот е виновен, тогаш поротата е незадоволена што се однесува до докажувањето вина на обвинетиот без да се предизвика никакво основано сомневање. Точното значење на зборовите како што се „основано“ и „сомневање“ вообичаено се дефинира во рамки на судската практика на релевантната земја.
Што всушност претставува товарот на докажување? Најпрво, мора да го разјасниме значењето на зборот „товар“. Најчестите поротници го толкуваат како тежина. Поротниците ја замислуваат државата во личноста на обвинителот како масивен предмет на неговиот грб што се обидува да го носи определено растојание по угорница – па, оттука, сме слушнале како адвокатите на одбраната велат дека државата носи „тежок товар“. Зборот „товар“ нема никаква врска со тежина, маса или други видови на физички пропорции – зборот едноставно означува одговорност. Одговорност на државата е да докаже дека обвинетиот е виновен. Нема никаква врска со степенот или интензитетот на докажувањето. Кој треба да ја докаже вината на обвинетиот? Државата. До кој степен мора да се докаже таа вина? Што значи тоа? Повторно се појавува проблем со зборовите употребени на чуден и специфичен начин. Зборот „beyond“ од оригиналната фраза значи подалеку или повеќе.[4] Јасно е дека тоа не е она што всушност го означува во правна смисла. Државата не мора да го „носи товарот“ до некоја одредена точка која што претставува основано сомневање. Државата секако не се обидува да докаже дека постои повеќе од едно основано сомневање.[5] Ако барем нешто се обидува да докаже, тоа е дека не постои основано сомневање, коешто би го поматило умот на поротникот или судијата.[5] Зборот „beyond” во фразата „beyond a reasonable doubt“ значи „со исклучок на“.Тоа значи дека државата мора да го исклучи кое било основано сомневање за вината на обвинетиот.[5] Едноставно кажано, фразата значи дека ако поротник или судија има основано сомнение, нивна должност е да предадат ослободителна пресуда. Од друга страна, ако поротник/судија немаат [5] основано сомневање, за тоа дека државата ја исполнила својата одговорност на докажување, тогаш обврска на поротникот/судијата е да го прогласат обвинетиот за виновен.[5]
„Што е основано сомневање?“ Упатувањата што обично ги добива поротата велат дека основано сомневање е сомневање засновано на некаква причина и здрав разум и типично ја употребуваат фразазата како „целосно сум задоволен “од и „сосема сум убеден“ во обидот да се задоволи стандардот на докажување.[6] Овие напори наместо да ги решат проблемите, тие создаваат уште повеќе. На пример, да ги разгледаме фразите „целосно сум задоволен“ и „сосема сум убеден“. Една личност е задоволна кога е среќна, кога се чувствува задоволено, удобно. Секој би се навалил во својата фотелја по јадење, би се потчукнал по стомакот и би рекол, „е ова беше јадење кое ми направи задоволство“. Дали ова е тоа што државата мора до го направи - да понуди доволно докази за еден поротник да е задоволен, среќен и да му удобно со пресудата. Секако не. Од поротникот не се бара да би задоволен или среќен со пресудата. Од државата не се бара да произведе доволно докази за да елиминира секакво основано сомневање и да го задоволи поротникот или да елиминира секаква резервираност за тоа дали поротникот ја направил правилната работа. Задоволен во фразата „целосно задоволен“ едноставно значи убеден.[7] Слично, модификаторите „целосно“ и „сосема“ не значат дека треба да бидете 100% сигурно во вината на обвинетиот. Стандардот на докажување не претставува апсолутна сигурност. Еден поротник е „целосно задоволен“ или „сосема убеден“ кога државата елиминирала секакво основано сомневање.
Упатувањата на поратата често потенцираат дека основано сомневање може да јави од „недостиг или недоволно докази“. Оваа фраза е богата со можности да се измислат сомнежи – Каде се отпечатоците? Каде е ДНК доказот? Каде се другите полициски службеници кои учествувале во апсењето? Овие аргументи ја предизвикуваат, односно бараат од поротата да шпекулира - нешто за коешто поротата е особено упатена дека не смее да го прави. Пример. Едно лице влегува во продавница. Вработената што телефонски разговара со пријателката го забележува тоа. Таа и кажува дека лицето изгледа како да го обиколува местото и бара од пријателката да повика полиција. По неколку минути лицето ја напушта продавницата, оди до колата, го отвора гепекот и зема ски-маска и пиштол. Тој ја става маската, пак влегува во продавницата и вели да се предаде. Таа прави како што и се кажува и ја става содржината од касата во торба и му ја дава на човекот. Лицето излегува од продавницата. Дури трча до колата, пристигнува полицијата. Лицето истручува и полициските службеници тргнуваат по него. Трчајќи ги фрла торбата, пиштолот и маската. За кратко време го фаќаат, го враќаат до продавницата, а вработената потврдува дека тоа е човекот којшто ја набљудувал и ја украл продавницата. Торбата е пронајдена и сумата пари точно одговара со сумата земена од касата. На судењето, бранителот го прашува водечкиот истражител дали биле земени примероци од коса од маската и дали се дадени на анализа. Бранителот вели не. За време на завршните аргументи, бранителот убедливо ги одбегнува сите докази за вината и ја напаѓа невнимателната истрага и тврди дека анализата на влакно коса ќе им обезбедела „непогрешлив доказ“ за виновноста или невиноста на оптужениот. Дали на отсуството на ваков доказ се однесува фразата „недостиг или недоволно докази“. Не. Фразата се однесува на силата на убедување со која се претставуваат доказите. Имањето или немањето основано сомневање се утврдува од доказите претставени на судењето, а не од тоа што би можело да се претстави. Постои стандарден приговор – повик за шпекулирање – токму она што бранителот од поротата бара да прави, да шпекулира. Не едноставно шпекулирање, туку низа на „што ако“. Што ако беше најдено влакно, што ако влакното беше испратено во лабораторија на ДНК-анализа, што ако ДНК профилот не се совпаѓа со оној на оптужениот. Што ако + што ако + што ако = основано сомнение. Запомнете дека обврска на државата е да елиминира секакво основано сомневање, секое логичко објаснување што произлегува од доказите. Аргументот на одбраната не е соодветен аргумент. Тоа е „средство за логичка инверзија“ [8]. Сите докази би го приморале секој да каже дека обвинетиот е виновен. Сепак, обвинетиот сака од поротниците да мислат, „но сè уште недостига доказот за анализа на влакно. Се прашувам што ќе покажеше?“ Една порота соодветно би донела пресуда врз основа на доказите и заклучоците изведени од нив. Тежината на заклучоците се заснова на силата на убедување на доказите. Со исклучокот, „недостиг на или недоволно докази“ се однесува силата на убедување на претставените докази. Исклучокот е правилото на сведок коешто недостасува.
Ова правило гласи:
„Неуспехот да се повика сведок покренува претполагањето индиректно да се изведе мислење дека сведочењето на ваква личност нема да и оди во корист на странката што го повикала, но нема вакво претполагањето или изведено мислење дека сведокот не е достапен, или дека неговото сведочење е неважно или резултативно, или дека тој е подеднакво достапен на обете странки."[9]
„Стандардот на основано сомневање игра значајна улога во американаската шема на кривична постапка. Тоа се смета за првично средство за намалување на ризикот на убедувања кои се потпираат на фактичка грешка. Стандардот обезбедува конкретна материја за претполагањето на невиност - дека стабилниот „аксиоматски и елементарен“ принцип чие „спроведување лежи во основата на администрацијата на нашето кривично право."[10]
Докажувањето без да постои никакво основано сомневање не беше прифатено како стандард во криминалните случаи сè до средината на 19 век.[11] Ова не беше стандардот со кој се утврдуваше вина кога беше усвоен [Законот за правата на граѓаните|en.wikipedia.org/wiki/United_States_Bill_of_Rights ] во САД во 1789 година.[5] Ова може да го објасни непостоењето на фразата во Уставот. Ниту беше елемент во тековните процеси.
Обидите да се изрази во бројки тежината на докажување немаат никаква цел. Тоа е повеќе квалитативен отколку квантитативен концепт. Како што Рембар забележува „докажувањето без да постои основано сомневање е квантум што не може да се изрази во бројки."[12]
Неправни стандарди
Далеку од сенката на сомневањето
Далеку од сенката на сомневањето е најстрогиот стандард на докажување. Бара да не постои никакво сомневање за секое прашање. Општоземено, тоа се смета за невозможен стандард, ситуација - резултат на природата од самото знаење, вредно е да се спомене само како коментар на фактот дека во ниеден суд нема никогаш потреба да се достигне ова ниво. Оваа фраза, и покрај тоа, е поврзувана со правото во народната култура.
Примери
Казнено право
Во Западните земји, кривичните случаи обично ја ставаат одговорноста на докажување на страна на обвинителот (на лат. ei incumbit probatio qui dicit, non que negat, „тежината на докажувањето лежи на грб на оној кој тврди, а не на оној кој негира“). Принципот е познат како претполагање на невиност, но не е поддржан во сите правни системи или практики. Онаму каде што е поддржана, обвинетиот нема да биде прогласен виновен ако тежината на доказите не е доволно докажана од страна на обвинителството.
На пример, ако обвинетиот (А) се товари за убиство, обвинтелот (Б) го сноси товарот на докажување да и покаже на поротата дека А навистина убил некого.
- Товар на докажување Б
- Товар на „производтство“: Б мора да покаже некои докази дека А извршил убиство. Врховниот суд во САД прогласи дека Уставот бара доволно докази да му даде причина на разумниот расудувач да пронајде вина без да постои никакво основано сомневање. Ако судијата прогласи дека ваквата одговорност не е исполнета, тогаш, секако, зависи од самата порота да одлучи дали, всушност се убедени во вината без да постои никакво основано сомневање.[13] Ако судијата открие дека не постојат доволно докази и дека стандардот не е задоволен, случајот мора да се распушти (или последователната осуда мора да се напушти и да се обвиненијата да се одбијат).
- пр.: Извештаи од сведоци, вештачење од докази и од аутопсија
- Неуспех да се исполни обврската: на прашањето ќе се гледа како правно (и тогаш судијата донесува одлука), во овој случај, А се прогласува за невин
- Товар на убедување: ако по затворањето на доказите, поротата не може да одлучи дали Б воспоставил со релевантното ниво на сигурност дека А извршил убиство, поротата мора да го прогласи А за невин
- Мерка на докажување: Б мора да го докаже секој елемент на престапот без да постои основано сомневање, но мора да го докаже секој факт без да постои основано сомневање.
Во други земји, кривичните докази ја префрлаат тежината на докажување, и тогаш настанува претполагање на вина.
Сепак, во Англија и Велс, со [Одлуката на Окружните судови од 1980 год|http://en.wikipedia.org/wiki/Magistrates%27_Courts_Act_1980]., додаток 101 налага дека кога обвинетиот се потпира на некој „исклучок, изземање, одредба, оправдување“ во негова одбрана, правната тежина на докажување по основа на тој исклучок, паѓа на грб на обвинетиот, само врз основа на урамнотеженост на веројатностите. На пример, лице обвинето за управување со моторно возило под дејство на алкохол додека е на службена должност, може да се брани дека не постоела веројатност дека ќе треба да вози додека е во таква состојба.[14] Обвинителство има одговорност да докаже без да постои основано сомневање дека обвинетиот ја надминал правната граница на алкохол во крвта додека управувал со моторно возило. Имањето клуч обично се смета за доволен доказ дека тоа возило било во негова контрола, дури и ако бранителот не е возилото и ако можеби е во некој бар во близина. Откако е тоа докажано, правниот товар на докажување лежи на грб на обвинетиот врз основа на начелото урамнотеженост на веројатностите дека не било веројатно дека ќе вози.[15]
Слични правила постојат во судења по обвинение. Некои одбрани налагаат одговорност на докажување на страна на обвинетиот, која што ако се исполни, налага правна одговорност на страната на обвинителството. На пример, ако лице обвинето за убиство се изјасни дека го сторило тоа во самоодбрана, обвинетиот мора да ја задоволи одговорноста на докажување дека постојат некои факти кои укажуваат на самоодбрана. Првниот товар тогаш ќе падне на страна на обвинителството да докаже без да постои основано сомневање дека обвинетиот не постапувал во самоодбрана.[15]
Во 2002 г., ваквата практика во Англија и Велс беше предизвикана како спротивна на Европската конвенција за човекови права (види Европска конвенција за човекови права) (ЕКЧП), чл.6 (2) којшто го гарантира правото на фер судење. Горниот дом (види Горен дом) се држеше до тоа дека ваквата обврска не е спротивна на Конвенцијата:[15][16]
- Незначителна обврска на докажување не му противречи на чл.6 (2)
- Правната одговорност/обврската на убедување не мора да му противречи на чл.6(2) доколку е ограничена со разумни граници, земајќи ги предвид прашањата:
- Што мора обвинителството да докаже за да се префли одговорноста на страната на обвинетиот?
- Дали од обвинетиот се бара да докаже нешто тешко или лесно?
- Што е закана за општеството ако одредбата е донесена да спречува?
Граѓанско право
Во граѓанско-правните случаи, „товарот на докажување“ бара од тужителот да ја убеди поротата или судијата во неговото право да бара отштета. Ова значи дека тужителот мора да го докаже секој елемент од тужбата, или причината за отпочнување постапка, со цел да добие отштета.
Товарот на докажуавње мора да се разликува од „товарот да се оди напред“, којшто едноставно се однесува на низата докажување, како меѓу тужител и оптужен во една граѓанска постапка. Често се мешаат овие два концепта.
Примена во науката и други видови на примена
Надвор од правниот контекст, „товар/тежина на докажување“ значи дека некој што предлага нова теорија или тврди нешто мора да обезбеди докази да го поткрепи тоа: не е доволна само да се каже „не можеш да го оспориш ова.“ Поточно, кога некој уверено тврди нешто, било позитивно или негативно, одговорноста да го оспори тврдењето не му припаѓа на некој друг, туку одговорноста на докажување му припаѓа на лицето кое уверено го тврди тоа. Накратко, X не може да се докаже едноставно затоа што „не X“ не може да се докаже.
Општоземено, стандардот на докажување што бара да се воспостави каков било посебен заклучок варира со оглед на она што е тема на дискусија. Само како што постои разлика меѓу стандардот којшто се бара за да се донесе осуда во еден кривичен и во еден граѓански случај, така постојат различни стандарди на докажување кои се применуваат во многу други области од животот.
Што понеразумно е едно тврдење, толку повеќе докажување бара. Научниот консензус за ладно соединување се смета за добар пример. Повеќето веруваат дека ова, всушност, не функционира, затоа што верувањето дека ќе функционира ќе присили промена на многу веќе докажани и општоприфатени теории за јадрена физика.
Наводи
- ↑ Патерсон против Њујорк, Paterson v. New York 432 U.S. 197 (1977)
- ↑ „Распределби на интересот за изразување основано сомневање во бројки и нивната примена "Distributions of Interest for Quantifying Reasonable Doubt and Their Applications" (PDF).
- ↑ Miller v. Minister of Pensions [1947] 2 All ER 372
- ↑ Погледнете, Буљиози (Bugliosi), Till Death Us Do Part (Нортон, 1979 г.)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Id.
- ↑ Видете, Џексон против Вирџинија (Jackson v. Virginia) , 443 САД 307, 61 L Ed 2d 560, 99 S Ct 2781(1979) Погледнете, пр.: N.C.P.I.--Крим. 101.10 ТОВАР НА ДОКАЖУВАЊЕ И ОСНОВАНО СОМНЕВАЊЕ.
- ↑ [1]
- ↑ Џејми Вајт (Jamie Whyte), Криминал против логиката (Crimes Against Logic), стр. 45.
- ↑ Бриско против Државата(Briscoe v. State), 40 Md. App. 120, 388 A.2d 153 (1978).
- ↑ Во случајот Ин ре Виншип (In r eWinship), 397 САД. 358 (1970) Кофин против САД (Coffin v. United States), 156 U.S. 432, 453 (1895)
- ↑ Рембар (Rembar), Законот на земјата (Сајмон и Шустер),1980 [(The Law of the Land (Simon and Schuster)] стр. 413
- ↑ Id. на 412
- ↑ Џексон против Вирџинија (Jackson v. Virginia), 443 U.S. [307|http://supreme.justia.com/us/443/307/case.html] (1979).
- ↑ Одлука за прекршителите на патниот сообраќај, додаток 5(2)
- ↑ 15,0 15,1 15,2 Херинг, Џ (Herring, J.), (2004). Кривично право : Текст, случаи и материјали (Criminal Law: Text, Cases, and Materials). Оскфорд: Печат на универзитетот Оксфорд. стр. 58–64. ISBN 0-19-876578-9.
- ↑ Кралицата против Јавниот обвинител(R v. DPP, Ex Parte Kebeline) [1999] UKHL 43
Библиографија
- Купер, С, (Cooper, S.) (2003). „Човекови права и правни товари на докажување“ ("Human Rights and Legal Burdens of Proof"). Веб магазин на тековни правни прашања 3. http://webjcli.ncl.ac.uk/2003/issue3/cooper3.html#Heading26.
Надворешни врски
|