21 јуни
Предлошка:Јуни 2024 21 јуни — 172-риот ден во годината според грегоријанскиот календар (173-ти во престапна година). Остануваат 193 дена до крајот на годината. Исто така е најдолг ден во годината на северната полутопка, односно најкраток на јужната. И започнува летото, односно зимата.
Во астрономијата - вообичаената дата на која настапува сончева пресвртница, односно денот на кој сонцето изгледа како да седи во место.
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак рак.
Настани:
1818 | Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. |
1935 | Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. |
1963 | Франција ги повлече поморските сили од НАТО. |
1990 | Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. |
1994 | Република Македонија и Република Киргистан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1994 | Почна пописот на населението, домаќинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. |
1996 | Република Македонија и Туркменистан воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
Родени:
1002 | Лав IX — римски папа. | |
1781 | Симеон Дени Поасон — француски математичар и физичар. | |
1839 | Мачадо де Асис — бразилски писател. | |
1905 | Жан Пол Сартр — француски филозоф и писател. | |
1921 | Џејн Расел — американска глумица. | |
1935 | Франсоаз Саган — француска писателка. | |
1948 | Јован Аќимовиќ — српски и југословенски фудбалер. | |
1954 | Бранко Цветкоски — македонски поет. | |
1955 | Мишел Платини — француски фудбалер. | |
1961 | Ману Чао — француско-шпански музичар. | |
1973 | Џулиет Луис — американска глумица и пејачка. | |
1973 | Иван Аџиќ— српски фудбалер. | |
1982 | Вилијам — британски престолонаследник. | |
1983 | Едвард Сноуден — американски разоткривач. | |
1985 | Лана Дел Реј — американска пејачка и продуцентка. | |
1990 | Сандра Перковиќ — хрватска атлетичарка. | |
1990 | Павел Заторски — полски одбојкар. | |
1995 | Дарко Велковски — македонски фудбалер. |
Починале:
1377 | Едвард III — крал на Англија. |
1874 | Јонас Ангстрем — шведски физичар и астроном. |
1945 | Јозеф Хора — чешки поет. |
1949 | Јохан Фридрих Хегер — германски архитект. |
2001 | Џон Ли Хукер — американски блуз-музичар. |
2003 | Данка Сирфова — македонска оперска пејачка. |
2012 | Ана Шварц — американска економистка. |
1906 Петар (Пешо) Самарџиев 1877-1906 Тиквешки војвода