2 век

< 1 век 2 век 3 век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00

2 век започнал на 1 јануари 101 година, а завршил на 31 декември 200 година. Се смета за дел од класичната антика.

На почетокот од овој век, Римското Царство го достигнало своето најголемо територијално проширување за време на владеењето на царот Трајан, но по неговата смрт тоа започнало полека да пропаѓа.[1] Ова бил век на проспоритет на империјата, а најпознат е по владеењето на Петте добри императори. За време на владеењето на царот Адријан, Евреите биле протерани од Ерусалим по Востанието на Бар Кохба. Последната четвртина од векот го означила крајот на периодот на мир и просперитет, познат како Pax romana, со смртта на царот Марко Аврелиј, последениот од Петте добри императори и доаѓањето на власт на царот Комод.

Иако во текот на првата половина од овој век Хан династијата во Кина цврсто се држела на власт и го проширила своето царско влијание во Средна Азија, во втората половина од векот владеела широко распространета корупција и избувнало Востанието на жолтите турбани. Овие превирања постепено довеле до конечниот пад на династијата во 220 година.[2]

Источната полутопка на почетокот од 2 век.
Источната полутопка на крајот на 2 век.

Настани

Личности

Царот Трајан
Царот Адријан
Царот Антонин Пиј
Царот Марко Аврелиј
Царот Септимиј Север
Ренесанса слика на Клавдиј Птоломеј со армиларна сфера
  • Адријан, римски цар
  • Акива бен Јосеф, еврејски рабин
  • Антонин Пиј, римски цар
  • Ванг Јун, кинески функционер
  • Виктор I, римски папа од 189 до 199 г.
  • Вологаз IV, владетел на Партија
  • Вологаз V, владетел на Партија
  • Дун Џуо, кинески генерал, политичар и војсководец
  • Игнатиј Антиохиски, христијански светец и третиот патријарх на Антиохија
  • Иринеј Лионски, христијански светец
  • Јехуда ха-Наси, водач на еврејската заедница во Јудеја
  • Јуан Шао, кинески војсководец
  • Јуан Шу, кинески војсководец
  • Јулија Домна, римска царица
  • Јустин Филозоф, ранохристијански филозоф, теолог и маченик
  • Канишка, кушански владетел
  • Комод, римски цар
  • Конг Ронг, кинески научник
  • Ли Бу, кинески генерал и војсководец
  • Луциј Вер, римски цар
  • Марко Аврелиј, римски цар и филозоф
  • Монтан, христијански еретик
  • Нагарџуна, индиски филозоф и основач на школата мадхјамака, кој ги поставил доктринарните темели на махајана будизмот
  • Поликарп Смирнски, епископ на Смирна, еден од раните Апостолски отци, директен ученик на свети Јован Богослов
  • Септимиј Север, римски цар
  • Симон бар Кохба, еврејски бунтовник
  • Сун Це, кинески генерал и војсководец
  • Трајан, римски цар
  • Хувишка, кушански владетел
  • Чаи Јонг, кинески научник
  • Џанг Даолин, кинески таоистички пустиник
  • Џанг Хенг, кинески астроном, географ, инженер, изумител и поет

Литература

  • Ахил Татиј, старогрчки писател
  • Апулеј, римски писател
  • Авл Гелиј, римски писател и граматичар
  • Јувенал, римски поет
  • Ксенофонт Ефески, старогрчки писател
  • Лонг, грчки поет
  • Лукијан од Самосата, старогрчки писател и реторичар
  • Плиниј Помладиот, римски правник, автор и природонаучник
  • Харитон, старогрчки писател

Наука и филозофија

  • Абаскантиј, римски лекар
  • Аполодор Дамаски, старогрчки инженер, архитект, дизајнер и вајар
  • Аријан, грчко-римски историчар
  • Валентин, римски историчар
  • Гален, старогрчки лекар
  • Епиктет, старогрчки филозоф, припадник на Стоичката школа
  • Клавдиј Птоломеј, познат римски историчар, географ и астроном
  • Ма Ронг, кинески научник и писател
  • Марко Корнелиј Фронтон, римски граматичар и реторичар
  • Плутарх, старогрчки филозоф, историчар и писател
  • Светониј, римски историчар
  • Сју Шен, кинески филолог
  • Такит, римски историчар
  • Хуа То, кинески лекар
  • Хигин Громатик, римски писател
  • Цај Лун, кинески изумител

Откритија

Наводи

  1. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 210–218.
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 307–315.