3 век

< II век III век IV век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00

3 век започнал на 1 јануари 201 год., а завршил на 31 декември 300 год.

Во текот на овој век Римското Царство се наоѓала во криза, што го означило почетокот на доцната антика.[1] Во Персија, Партијската империја била наследена од Сасанидското Царство.[2] Во Индија, Кушанско Царство била заменета со империјата Гупта.[3] Кина се наоѓала во периодот на Трите кралства.[4] Хунну ја формирале државата Сја под водство на Лиу Кубеи. Во Кореја владееле Трите кралства на Кореја. Јапонија била во периодот Кофун. Во југоисточна Азија постоеле група на слабо поврзани држави, наречени со заедничко име Фунан.

Во ова време во потсахарска Африка, експанзијата на Банту племињата дошла до јужна Африка.

Во преткокумбовска Америка, културата Адена од долината на реката Охајо пропаднала, за на нејзино место да се развие Хоупвелската култура. Цивилизацијата на Маите во Средна Америка навлегла во својата класична ера.

Мапа на светот во 250 година.

Римското Царство во 3 век

По смртта на царот Комод кон крајот на II век, Римското Царство била втурната во граѓанска војна.[1] По завршетокот на војувањата, на престолот на империјата седнал царот Септимиј Север (193 – 211 г.), кој бил основоположник на династијата Севери.[1] За разлика од претходните римски цареви, тој отворено ја користел армијата за да го зајакне својот авторитет, а за таа цел ги наградувал со високи плати. Како резултат на тоа, режимот што тој го создал е познат како Воена монархија. Системот се распаднал во 230-тите години, по што следел турбулентен педесетгодишен период познат како Воена анархија или Кризата од третиот век. Овој период започнал со атентатот на 28-годишниот император Александар Север (222 – 235 г.) (последниот император на династијата Севери), а по него на власт се смениле дваесет цареви, од кои секој траел само неколку месеци. На мнозинството од овие цареви или им бил извршен атентат или биле убиени во тек на воени походи, а империјата речиси пропаднала под тежината на политичките нереди и зголемената персиска опасност на исток. Под новите Сасанидски владетели, Персија прераснала во соперничка велесила, па Рим морал да направи драстични реформи со цел подобро да се подготви за конфронтација со овој соперник. Овие реформи конечно биле реализирани кон крајот на 3 век, во текот на владеењето на царот Диоклецијан (284 – 305 г.).[1] Една од реформите била да се подели империјата на источна и западна половина, а секоја од нив да има посебен владетел.

Настани

Бањите на Каракала во Рим
  • Ран 3 век - Погребувањето во катакомби станало честа практика.
  • 208: Се одвивала кинеската поморска Битка кај црвените клифови.
  • 211 - 217: Император на Римското Царство е Каракала.
  • 212: Со Едиктот на Каракала (Constitutio Antoniniana) им било доделено државјанство на сите слободни римски мажи.
  • 212 - 217: Биле изградени Бањите на Каракала во Рим.
  • 220: Крајот на династијата Хан и воспоставувањето на Трите кралства на древна Кина.
  • 220-280: Периодот на Трите кралства во Кина.
  • 222 - 235: Владеењето на римскиот цар Александар Север.
  • 224: Ардашир I од сасанидската династија ја освоил Партијската империја во Битката кај Хормиздеган.
  • 230 - 232: Персиската сасанидска династија започнала војна за повторно освојување на териториите загубени од римските освојувања.
  • 234: Чуга Лианг умрел од болест при конфликтот на рамнините на Вучанг.
  • 235 - 284: Период на Кризата од третиот век во Римското Царство.
  • 244: Битката кај Ксингши во Кина.
  • 250 - 538: Првиот дел од периодот Кофун во Јапонија.
  • 258: Масакарот на христијани по наредба на римскиот цар Валеријан I.
  • 260: Римскиот цар Валеријан I бил заробен од Шапур I Персиски.
  • 263: Као Веи го освоил кралството Шу Хан.
  • 266: Била основана династијата Џин по соборувањето на династијата Као Веи од Сима Јан.
  • 280: Џин династијата повторно ја обединила Кина под една империја по освојувањето на Источниот Ву.
  • 284 - 305: Владеењето на римскиот цар Диоклецијан.
  • 291 - 306: Војната на осуммте принцови, граѓанска војна од кланот Сима во Кина.
  • Сарнат станал центар на будистичка уметност во Индија.
  • Пченката почнала да се користи како храна од народите на Северна Америка, каде стигнала по пат на трговија со народите од Средна Америка и Мексико.
  • Кралството Фунан го достигнало својот зенит.
  • Готите се преселиле од Готисканца во Украина, со што ја формирале Черњахивската култура.
  • Била насликана ѕидната слика „Менора и ковчегот на заветот“ во еврејски катакомби, во Вила Торлониа (Рим).
  • Започнал Коптскиот период во Египет.
  • Била насликана „Сидарта во палатата“, во Нагарџунаконда, Андра Прадеш, Индија. Делото сега се чува во Националниот музеј на Њу Делхи.
  • Бил направен Magerius мозаикот во Тунис.

Личности

Царот Каракала
Јулија Домна
Царот Александар Север
Царот Клавдиј II
Марко Аврелиј Проб, римски цар
Царот Диоклецијан
Плотин, римски филозоф
  • Александар Север, римски цар
  • Ардашир I, основач на Сасанидското Царство
  • Артабан V, последен владетел на Партијската империја
  • Аурелијан, римски цар
  • Валеријан, римски цар
  • Галиен, римски цар
  • Гуан Ју, кинески генерал
  • Денг Аи, кинески генерал
  • Диоклецијан, римски цар
  • Елагабал, римски цар
  • Жао Јун, кинески генерал
  • Зенобија, кралица на Палмира
  • Јулија Домна, римска царевица
  • Јулија Меса, римска благородничка
  • Каракала, римски цар
  • Кипријан Картагински, епископ на Картагина
  • Клавдиј II, римски цар
  • Климент Александриски, христијански водач на Александриската катехетска школа    
  • Констанциј I Хлор, римски цар
  • Корнелиј, епископ на Рим
  • Лиу Беи, основач на Шу Хан
  • Луциј Септимиј Оденат, владетел на Палмира
  • Мани, основач на Манихејството
  • Марко Аврелиј Проб, римски цар
  • Максимин Трак, римски цар
  • Нагарјуна, будистички монах
  • Постум, император на Галоримската империја
  • Септимиј Север, римски цар
  • Сима Ши, кинески генерал, политичар и регент
  • Сима Јан, основач на династијата Џин
  • Сима Ји, кинески генерал и државник
  • Сима Жао, кинески генерал и регент
  • Сун Чун, основач на Кралството Ву
  • Тетрик I, император на Галоримската империја
  • Филип Арапски, римски цар
  • Цао Цао, кинески државник
  • Цао Пи, основач на царството Веи
  • Цао Руи, цар на Цао Веи
  • Чуга Лианг, најголемиот стратег во периодот на Трите кралства во Кина
  • Џанг Феи, кинески генерал
  • Џунг Хуи, кинески генерал
  • Шапур I, крал на Сасанидското Царство
  • Шри Гупта, основач на династијата Гупта

Литература

  • Диоген Лаертиј, грчки биограф
  • Иполит Римски, римски христијански писател и теолог, прв Антипапа
  • Клавдиј Елијан, римски писател
  • Лиу Линг, кинески поет
  • Мариј Максим, римски биограф
  • Ориген, римски христијански писател и теолог
  • Тертулијан, римски христијански писател и теолог
  • Уан Џи, кинески поет
  • Фу Ксуан, кинески поет и писател
  • Хелиодор од Емеса, грчки писател
  • Цао Џи, кинески поет и писател
  • Цуо Си, кинески поет и писател

Наука и филозофија

  • Александар Афродизијски, грчки филозоф
  • Амониј Сакас, грчки филозоф
  • Ванг Би, кинески филозоф
  • Ванг Онг, кинески научник
  • Гај Јулиј Солин, римски граматичар
  • Дексип, грчки историчар
  • Диофант, грчки математичар
  • Емилиј Папинијан, римски правник
  • Јамблих, сириски филозоф
  • Јулиј Паул Прудантисим, римски правник
  • Касиј Дион, римски историчар
  • Касиј Лонгин, грчки филозоф
  • Лиу Хуи, кинески математичар
  • Ма Џун, кинески инженер и изумител
  • Папос Александриски, грчки математичар
  • Пеи Шиу, кинески картограф и географ
  • Плотин, римски филозоф
  • Порфириј Тирски, феникијски филозоф
  • Секст Јулиј Африкан, римски историчар
  • Уан Шиан, кинески филозоф
  • Херодијан, грчки историчар
  • Хуанфу Ми, кинески научник и лекар
  • Цензорин, римски граматичар
  • Чен Шу, кинески историчар
  • Џи Канг, кинески филозоф
  • Шан Тао, кинески филозоф
  • Шијанг Шиу, кинески научник

Откритија

  • Кочијата насочена кон југ, механички уред на тркала кој делува како компас за насока, била изум на кинескиот инженер Ма Јун.
  • Чуг Лианг го пронашол летечкиот фенер - мал балон направен од хартија, со отвор на дното каде гори слаб оган кој го крева балонот во воздух. Се смета дека на почетокот се користел за воено сигнализирање.
  • Повторувачкиот самострел или полуавтоматскиот самострел била подобрена верзија на модел кој првпат се појавил за време на Периодот на завојуваните држави.
  • Според некои извори Чуг Лианг измислил примитивен модел на мина.   

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 252–258.
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 295–298.
  3. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 304–306.
  4. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 308–315.