4 јули
4 јули — 185-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (186-и во престапна година ).
Остануваат 180 денови до крајот на годината.
Настани
1054
Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите , Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Бик. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја образуваат Раковидната Маглина .
1776
На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави ; овој ден во САД се слави како Ден на независноста .
1802
Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк .
1855
Во Бруклин , Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен, наречена „Листови трева“.
1862
Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во „Алиса во земјата на чудата “; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка .
1918
Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар).
1939
Лу Гериг , легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот.
2004
Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски , по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ . За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска .
2012
По 40-годишно трагање, во CERN е откриен Хигсовиот бозон .
Родени
Починале
Празници
4 јули како тема во уметноста и во популарната култура
„Денот на независноста“ (Independence Day )“ - песна на американскиот рок-пејач Брус Спрингстин од 1980 година.[1]
„4 јули“ (4th of July ) - песна на ирската рок -група „У2 “ од 1984 година.[2]
Наводи
The article is a derivative under the Creative Commons Attribution-ShareAlike License .
A link to the original article can be found here and attribution parties here
By using this site, you agree to the Terms of Use . Gpedia ® is a registered trademark of the Cyberajah Pty Ltd