8 април
<< | април | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
8 април — 98-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (99-и во престапна година). Остануваат 267 денови до крајот на годината.
Настани:
1513 | Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за шпански посед. Во 1819. Шпанија ја продала Флорида на САД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии кон Тексас. |
1820 | Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена во Лувр во Франција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на пример Пјер Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“. |
1904 | Франција и Обединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник на Антантата која била воен сојуз во текот на Првата светска војна и Втората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји. |
1942 | Во Битола бугарската полиција го смртно е повреден членот на месниот комитет на КПЈ Јордан Чопела. Следниот ден умира. |
1971 | Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8 април за Светски ден на Ромите. |
1993 | Со акламација во Генералното собрание на ОН, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на Организацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“. |
1995 | Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставиле дипломатски односи. |
Родени:
1784 | Дионисио Агуадо — шпански класичен гитарист и композитор од времето на романтизмот († 1849). |
1859 | Едмунд Хусерл — германски филозоф. |
1870 | Анастас Лозанчев — македонски револуционер († 1945). |
1892 | Мери Пикфорд — канадско-американска глумица. |
1904 | Џон Хикс — британски економист. |
1909 | Џон Фанте — американски писател. |
1909 | Круме Кепески — македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата македонска граматика († 1988). |
1911 | Емил Чоран — романски филозоф и есеист († 1995). |
1933 | Тереза Ижевска — полска глумица († 1982). |
1937 | Момо Капор — српски писател и сликар. |
1938 | Кофи Анан — седми генерален секретар на ООН, добитник на Нобеловата награда за мир во 2001 година. |
1940 | Џон Хавличек — американски кошаркар. |
1950 | Гжегож Лато — полски фудбалер. |
1958 | Том Петраноф — американски атлетичар. |
1961 | Срѓан Гојковиќ — српски рок-музичар, член на групата „Електрични оргазам“. |
1982 | Генадиј Головкин —казахстански боксер. |
1986 | Игор Акинфеев — руски фудбалски голман. |
1988 | Рикардо Цојдл — австриски велосипедист. |
1994 | Дарио Шариќ — хрватски кошаркар. |
1998 | Милан Ристовски — македонски фудбалер. |
Починале:
1848 | Гаетано Доницети — италијански оперски композитор од времето на романтизмот. |
1914 | Јакуб Арбес — чешки писател, критичар и новинар. |
1950 | Васлав Нижински — руски балетан и кореограф. |
1973 | Пабло Пикасо — шпанско-француски сликар. |
2013 | Сара Монтиел — шпанска пејачка и глумица. |
2013 | Маргарет Тачер — првата жена-премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“. |
2019 | Златко Славенски — македонски драматург, режисер и универзитетски професор. |
Празници:
* | Светски ден на Ромите |
* | Роденден на Буда во Јапонија. |