Знамето на Бангладеш (бенгалски: বাংলাদেশের জাতীয় পতাকা) официјално било усвоено на 17 јануари1972. Тоа е засновано на слично знаме кое се користело за време на Бангладешката војна за слобода во 1971. Подоцна од дискот била отстранета картата на Бангладеш по наредба на генералот Абул Манзур. Знамето се состои од црвен диск на зелена основа. Црвениот диск го озналчува сонцето кое изгрева над Бангал и крвта пролеана за независност на татковината. Зелената основа ја претставува природата на Бангладеш. Цивилното знаме е малку поразлично и во него доминираат црвената или белата боја.