Северна полутопка

Северната полутопка на карта на светот, обележана со жолто
Поглед на северната полутопка од гледиште над Северниот Пол.

Северната полутопка (или северна хемисфера[1]) е половина од планетата Земја која се наоѓа северно од екваторот. Поимот ја означува и половината на небесната сефера северно од небесниот екватор. Оваа полутопка го содржи најголемиот дел на копнена површина и најголемиот дел од населението (околу 90%).

Поради накосеноста на Земјата, зимата трае од зимската рамноденица (обично 22 декември) до пролетната рамноденица (обично 20 март), додека пак летото трае од летната рамноденица (обично 21 јуни) до есенската рамноденица (обично 21 септември).

Арктичкиот регион се наоѓа северно од Северниот Поларник. Климата се одликува со студени зими и свежи лета. Врнежите се главно во облик на снег. Во текот на летото има денови кога сонцето воопшто не заоѓа, а во зимата има денови кога не изгрева. Траењето на овие фази зависи од местоположбата. На поларникот оваа појава трае еден ден, а на самиот Северен Пол трае неколку месеци.

Помеѓу Северниот Поларник и Северниот Повратник е сместена северниот умерен климатски појас. Во овој појас, разликите помеѓу зимата и летото се умерени, но климата знае да биде мошне непредвидлива.

Тропските предели (помеѓу Северниот Повратник и екваторот) се жешки преку целата година. Имаат дождовна сезона во текот на „летните“ месеци, и сува сезона во текот на „зимата“.

На оваа полутопка Месечината се јавува „наопачки“ во споредба со тоа како изгледа на јужната полутопка, а погледот на ѕвездите е сосем различен. Северниот Пол не гледа во галактичкото средиште на Млечниот Пат, па затоа оттука се гледаат многу помалку ѕвезди во споредба со јужната полутопка, и истите не светат така силно. Од овие причини, северната полутопка е погодна за набљудувања на длабоката вселена, бидејќи не е „заслепена“ од Млечниот Пат.

Континенти и земји на северната полутопка

Поврзано

Наводи

  1. „„северна хемисфера". Лексикон на Набу речник. Набу речник. 2008. Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 21 декември 2010. (македонски)