16 март

<< март >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2023

16 март — 75-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (76-и во престапна година). Остануваат 290 денови до крајот на годината.

Настани:

1987  Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија.
2010  Во петтиот натпервар од Светската лига, ватерполо репрезентацијата на Македонија ја победи репрезентацијата на Грција со резултат 7:6. „Победата ѝ ја подарувам на македонскиот народ и Македонија бидејќи навистина заслужи, a Грците вечерва научија каде дојдоа и каде е Македонија. Ние им одржавме час по ватерполо.“ изјави тренерот на Македонија, Стеван Нонковиќ.
2014  Граѓаните на Крим на референдум се изјаснуваат дека сакаат да станат составен дел од Руската Федерација. Поддршката изнесувала 96,77% при излезност од 83%. Највеќето неизлезени биле Кримски Татари, кои решиле да го бојкотираат гласањето.

Родени:

1480  Фернандо Магелан — португалски морепловец во служба на Шпанија.
1787  Георг Симеон Ом — германски физичар.
1926  Џери Луис — американски глумец.
1930  Изет Сарајлиќ — босански и југословенски поет.
1941  Бернардо Бертолучи — италијански режисер.
1950  Едхем Шљиво — босански и југословенски фудбалер.
1953  Ричард Сталман — американски информатичар, основач на движењето за Слободен Софтвер.
1959  Флејвер Флејв — американски рапер, член на групата „Паблик енеми“ (Public Enemy).
1989  Тео Волкот — англиски фудбалер.
1994  Џоел Ембид — камерунски кошаркар.

Починале:

1925  Аугуст фон Васерман — германски лекар и бактериолог.
1956  Ирена Жолио-Кири — француска хемичарка, ќерка на Пјер и Марија Кири
1957  Константин Бранкуси — романски вајар.
1975  Т-Боун Вокер — американски блуз-музичар.
1995  Пол Кипкоеч — кениски атлетичар.
2002  Данило Бата Стојковиќ — српски глумец.
2010  Ксенија Пајчинсрпска поп и фолк пејачка.