26 мај
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
26 мај — 146-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (147-и во престапна година). Остануваат 219 денови до крајот на годината.
Настани:
1882 | Германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест — тубекулинот. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина. |
1972 | Во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското јадрено вооружување. |
1994 | Весникот на албански јазик „Флака е влазеримит“ почна да излегува како дневен весник. |
Родени:
1478 | Папа Климент VII — римски папа. |
1566 | Мехмед III — отомански султан. |
1799 | Александар Пушкин — руски поет и писател († 1837.). |
1904 | Владо Перлемутер — литванско-француски пијанист († 2002.). |
1907 | Џон Вејн — американски глумец. |
1923 | Хари Џонсон — канадски економист. |
1926 | Мајлс Дејвис — американски џез-музичар. |
1926 | Рафаел Ескалона — колумбиски композитор. |
1938 | Јаки Либецајт — германски рок-тапанар, член на групата „Кен“ (Can). |
1939 | Витали Галков — руски кану-спринтер. |
1946 | Мик Ронсон — англиски рок-гитарист. |
1948 | Стиви Никс — американска пејачка, членка на групата „Флитвуд мек“. |
1962 | Лени Кравиц — американски рок-музичар. |
1967 | Кевин Мур — клавијатурист на групата „Dream Theater“. |
1971 | Мет Стоун — американски продуцент. |
1977 | Лука Тони — италијански фудбалер. |
1984 | Микел Ниеве — шпански велосипедист. |
1988 | Хуан Квадрадо — колумбиски фудбалер. |
Починале:
735 | Беда Многупочитуван — англиски светец и историчар, наречен „Татко на англиската историја“. |
1421 | Мехмед I — отомански султан. |
1512 | Бајазит II — отомански султан (р. 1447.). |
1917 | Борис Дрангов — бугарски офицер. |
2022 | Енди Флечер — англиски електро-поп музичар. |
2022 | Реј Љота — американски глумец. |