29 мај
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
29 мај — 149-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (150-и во престапна година). Остануваат 216 денови до крајот на годината.
Настани:
1453 | Турскиот султан Мехмед II успева по скоро двомесечна опсада да го освои Цариград, по што градот претрпел уште едно пљачкосување и разурнување. |
1953 | Едмунд Хилари и шерпасот Тенцинг Норгај први во историјата на човештвото се искачија на највисокиот врв на земјата, „покривот на светот“ Монт Еверест, висок 8.848 метри. |
1996 | Република Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка. |
1996 | Во Будимпешта, Република Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт (ЦЕМТ). |
Родени:
1439 | Пиј III — римски папа. |
1489 | Мимар Синан — прочуен отомански архитект. |
1917 | Џон Кенеди — претседател на САД. |
1923 | Олга Спиридоновиќ — југословенска театарска и филмска глумици. |
1928 | Фреди Ред — американски џез-музичар. |
1929 | Питер Хигс — британски теоретски физичар, познат по фундаменталната честичка Хигсов бозон, наречена и „божја честичка“. |
1927 | Димитрие Османли — македонски филмски и театарски режисер. |
1934 | Есад Бајрам — македонски поет. |
1935 | Боро Драшковиќ — српски режисер, сценарист и универзитетски професор. |
1937 | Ирмин Шмит — германски рок-музичар. |
1940 | Таихо Коки — јапонски сумо-борач. |
1958 | Марина Перазиќ — југословенска и хрватска поп-пејачка. |
1965 | Саша Митрев — македонски универзитетски професор. |
1967 | Ноел Галагер — англиски рок-музичар, член на групата „Оејзис“. |
1970 | Роберто ди Матео — италијански фудбалер и тренер. |
1971 | Зоран Витанов — македонски политичар и економист. |
1971 | Габриела Конеска Трајковска — вицепремиер на Македонија. |
1976 | Џенифер Капријати — американска тенисерка. |
1977 | Масимо Амброзини — италијански фудбалер. |
1980 | Антон Рјаков — узбекистански кану-спринтер. |
1981 | Андреј Аршавин — руски фудбалер. |
1984 | Кармело Ентони — американски кошаркар. |
1990 | Тибо Пино — француски велосипедист. |
1991 | Аријан Адеми — хрватско-македонски фудбалер со албанско потекло. |
1995 | Никола Пепе — фудбалер од Брегот на слоновата коска. |
1998 | Остин Ривс — американски кошаркар. |
Починале:
1453 | Константин XI Палеолог — последниот римски (византиски) цар. |
1979 | Мери Пикфорд — канадско-американска филмска глумица. |
1982 | Роми Шнајдер — австриска филмска глумица. |
1997 | Џеф Бакли — американски рок-музичар. |
2014 | Миљенко Прохаска — хрватски композитор, музички продуцент и диригент. |