Верлте
Верлте
Werlte | |
Католичката црква во Верлте | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Емсланд |
Општ. заед. | Верлте |
Градски единици | 5 |
Градоначалник | Даниел Теле (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 63,75 км2 |
Надм. височина | 32 м |
Население | 10.539 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 165 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | EL |
Пошт. бр. | 49757 |
Повик. бр. | 0 59 51 |
Портал | www.werlte.de |
Местоположба на градот Верлте во рамките на округот Емсланд | |
Координати | 52°51′0″N 7°41′0″E / 52.85000°N 7.68333°E |
Верлте (германски: Werlte) — мал град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
Местоположба
Верлте се наоѓа неколку километри источно од ридскиот масив Химлинг. Недалеку од градот се наоѓаат изворишните подрачја на Нордраде и Лорупер Беке на запад, додека на реките Мителраде и Марка на исток. Овие реки припаѓаат на сливното подрачје на Емс.
Градски единици
Покрај главното место Верлте припаѓаат и следниве места кон денешниот град:
|
Соседни општини
Градот Верлте на север се граничи со општината Растдорф, на исток со општините Фрес и Линдерн (округот Клопенбург), на југоисток со градот Ленинген (округ Клопенбург), на југ со општините Лан и Леден (општинска заедница Херцлаке), на запад со општините Зегел и Шпанхаренштете во општинската заедница Зегел.
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 25 избрани членови.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[3]
Збратимени градови
Верлте е збратимен со следниве градови:
- Лидзбарк Вармињски, Полска
Галерија
-
Споменик на Алберт Траутман
-
Железничката станица
-
Улица во градот
Наводи
- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
Надворешни врски
- Верлте на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|