Линген (Емс)
Линген (Емс)
Lingen (Ems) | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Емсланд |
Градоначалник | Дитер Кроне (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 176,15 км2 |
Надм. височина | 24 м |
Население | 56.542 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 321 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | EL |
Пошт. бр. | 49808, 49809, 49811 |
Повик. бр. | 0591, 05906, 05907, 05963 |
Портал | lingen.de |
Местоположба на градот Линген (Емс) во рамките на округот Емсланд | |
![]() | |
Координати | 52°31′23″N 7°19′23″E / 52.52306°N 7.32306°E |
Линген (службено наречен: Линген (Емс); германски: Lingen или Lingen (Ems)) — град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс, непосредно на самата граница со Холандија.
Географија
Местоположба
Линген се наоѓа во јужниот дел на округот Емсланд. На источниот брег на Емс се наоѓа Лингенер Хее.
Градски единици
Градот Линген (Емс) се состои од историското градско јадро, Стариот град и градските единици Ројшберге, Штрот, Дамашке, Хојкампс-Танен - Телгенкамп, како и десет места кои некогаш биле самостојни општини: Алтенлинген, Бакум, Брамше, Брокхаузен, Брегберн, Клузорт-Брамхар, Дарме, Холтхаузен, Лакстен и Шепсдорф.
|
Соседни општини
Линген се граничи на север со Гесте и Бавинкел, на исток со Ланген, Туине и Месинген, на југ со Лине и Емсбирен, како и на запад со Витмаршен.
Клима
Климата во Линген има годишна просечна температура од 9,3 °C и просечни врнежи од 789 милиметри.
Во градот била измерена рекордна највисока температура во рамки на Германија со дневна температура од 42,6 степени целзиусови во текот на топлотниот бран во јули 2019 година.
Клима на Линген (Емс) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 4 | 5 | 8 | 13 | 17 | 21 | 22 | 22 | 19 | 14 | 8 | 5 | 13,2 |
Просечна минимална (°C) | −1 | −1 | 1 | 4 | 8 | 11 | 13 | 12 | 10 | 7 | 3 | 1 | 5,7 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 67 | 51 | 50 | 54 | 61 | 69 | 91 | 86 | 64 | 59 | 68 | 74 | 794 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 19 | 17 | 15 | 15 | 13 | 15 | 18 | 17 | 16 | 18 | 19 | 19 | 201 |
Влага (%) | 87 | 85 | 79 | 74 | 71 | 73 | 77 | 80 | 80 | 84 | 86 | 89 | 80,4 |
Сончеви часови (дневно) | 1,4 | 2,3 | 3,3 | 5,0 | 6,3 | 6,2 | 6,0 | 6,0 | 4,3 | 3,3 | 1,8 | 1,2 | 3,9 |
Извор: wetterkontor.de |
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 42 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 50.001 и 75.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[3]
Градски директори
За време на периодот на двојно административно управување (1945–2000), градот ги имал следниве градски директори:
- 1945–1946: Клеменс Бракман
- 1946–1954: Алфонс Мајнка
- 1954–1967: Хајнрих Пелц
- 1967–2000: Карл-Хајнц Феринг
Градоначалник
Градоначалници на Линген биле:
- 1933–1941: Ерих Плесе (NSDAP)
- 1946–1951: Јулиус Ландцетел
- 1951–1968: Роберт Коп (CDU)
- 1968–1988: Ханс Клукерт (CDU)
- 1988–1995: Бернхард Нојхаус (CDU)
- 1995–2000: Урзула Рамелов (CDU)
- 2000–2010: Хајнер Пот (CDU)
- од 2010: Дитер Кроне (незавинсе)
Збратимени градови
Линген (Емс) е збратимен со следниве градови:[4]
Бартон на Трент, Велика Британија (од 1982 г.)
Бјелава, Полска (од 1993 г.)
Мариенберг, Германија (од 1996 г.)
Салт, Шпанија (од 1998 г.)
Елбоф, Франција (од 2004 г.)
Познати луѓе
- Еберхард фон Данкелман (1643–1722) — премиер на Бранденбург-Прусија од 1692 до 1697
- Теодорус Јакобус Фрелингхујзен (околу 1691 – околу 1747) — германско-американски холандски свештеник и теолог
- Конрад Бекхаус (1821–1890) — свештеник и ботаничар
- Јозеф Роземајер (1872–1919) — велосипедист
- Хермс Нил (1888–1954) — композитор
- Бернд Роземајер (1909–1938) — возач на спортски автомобили
- Хари Крамер (1925–1997) — вајар, кореограф, танчер
- Беатрикс Борхард (р. 1950) — музиколог и автор
- Петер ван Роје (р. 1950) — веслач
- Рајнхолд Хилберс (р. 1964) — политичар
- Јенз Гизеке (р. 1971) — политичар
- Кристијан Дростен (р. 1972) — виролог
Галерија
-
Градската црква
-
Основниот суд
-
Универзитетски плоштад
-
Градскиот плоштад
-
Железничката станица
Наводи
- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ https://votemanager.kdo.de/20210912/03454032/praesentation/ergebnis.html?wahl_id=222&stimmentyp=0&id=ebene_3_id_558. Занемарен непознатиот параметар
|titel=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|abruf=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Die Partnerstädte der Stadt Lingen (Ems)“. lingen.de (германски). Lingen (Ems). Посетено на 2021-02-19.
Надворешни врски
Линген на Ризницата ?
- Матична страница
(германски)
|