Естервеген

Естервеген
Селската црква во Естервеген
Селската црква во Естервеген
Селската црква во Естервеген
Знаме на Естервеген
Грб на Естервеген
Естервеген во рамките на Германија
Естервеген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Емсланд
Општ. заед. Нордхимлинг
Градоначалник Хајнрих Томес (ДХС)
Основни податоци
Површина 49,53 км2
Надм. височина 13 м
Население 5.546 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 112 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EL
Пошт. бр. 26897
Повик. бр. 0 59 55
Портал www.esterwegen.de
Местоположба на Естервеген во рамките на округот Емсланд
Карта
Карта
Координати 52°59′0″N 7°38′0″E / 52.98333°N 7.63333°E / 52.98333; 7.63333

Естервеген (германски: Esterwegen) — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Нордхимлинг.

Географија

Местоположба

Естервеген се наоѓа помеѓу градовите Папенбург и Ленинген во пошумена област наречена Естервегер Буш. Местото се наоѓа во северниот дел на Химлинг.

Соседни општини

Естервеген се граничи на североисток со општината Затерланд, на исток со градот Фризојте, обете во округот Клопенбург, понатаму на исток се граничи со општината Хилкенброк, на југоисток со општината Лоруп во општинската заедница Верлте, на југ со општината Бреденберг, на запад со општината Зурволд и на северозапад со општината Бокхорст.

Историја

Во 1933 година бил основан истоимен концентрациски камп во Естервеген.[2] Во 1936 година, кампот бил распуштен и до 1945 година бил користен како затворенички камп, наменет за политички затвореници и за затвореници од декретот „Ноќ и магла“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски