Фререн

Фререн

Freren

Градското собрание
Градското собрание
Градското собрание
Знаме на Фререн
Грб на Фререн
Фререн во рамките на Германија
Фререн
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Емсланд
Општ. заед. Фререн
Градоначалник Клаус Прекел (ДХС)
Основни податоци
Површина 48,81 км2
Надм. височина 33 м
Население 5.196 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 106 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EL
Пошт. бр. 49832
Повик. бр. 05902
Портал www.freren.de
Местоположба на градот Фререн во рамките на округот Емсланд
Карта
Карта
Координати 52°28′0″N 7°32′0″E / 52.46667°N 7.53333°E / 52.46667; 7.53333

Фререн (германски: Freren) — мал град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри источно од градот Линген. Во минатото бил дел од поранешниот округ Линген, кој се наоѓал во јужниот дел на денешниот округ Емсланд.

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница од 1974 година. Градските права ги добил во 1723 година.

Географија

Местоположба

Фререн се наоѓа во округот Емсланд, близу сојузната граница со Северна Рајна-Вестфалија, југоисточно од Лингенер Хее.

Во непосредна близина се наоѓаат градовите Линген (15 км на северозапад), Ибенбирен (26 км на југоисток), Рајне (23 км на југозапад) и Фирстенау (11 км на североисток). Поголем голем град во близина е Оснабрик на југоисток.

Соседни општини

Фререн се граничи на север со општината Ленгерих во истоимената општинска заедница, на исток со општината Андервене, градот Фирстенау во општинската заедница Фирстенау во округот Оснабрик и општината Хопстен во округот Штајнфурт во Северна Рајна-Вестфалија, на југ е општината Шапен во општинската заедница Шпеле и на запад се општините Бестен, Месинген и Туине.

Градски единици

Поранешните имоти Лое-Венслаге, Герингхузен, Линсфелд, Зутруп, Остви, Зетлаге и Оверватер претставуваат делови на градот од 1974 година.

Покрај нив, и Андервене претставувал поранешен имот на Фререн, но денес Андервене е самостојна општина.

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 17 избрани членови.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[3]

Партии и листи Удел Места
CDU Демохристијански сојуз на Германија 85,16 14
SPD Социјалдемократска партија на Германија 14,84 3
Вкупно 100 17
Излезност = 54,95%

Градоначалник

Градоначалникот се избира директно, а моментален градоначалник е Клаус Прекел.

Галерија

Наводи

Надворешни врски