Реде (Емс)

Реде
Старата црква во Реде
Старата црква во Реде
Старата црква во Реде
Знаме на Реде
Грб на Реде
Реде во рамките на Германија
Реде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Емсланд
Месни единици 4
Градоначалник Јенс Вилердинг (ДХС)
Основни податоци
Површина 75,02 км2
Надм. височина 5 м
Население 4.547 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 61 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EL
Пошт. бр. 26899
Повик. бр. 04964
Портал www.rhede-ems.de
Местоположба на Реде во рамките на округот Емсланд
Карта
Карта
Координати 53°03′41″N 7°16′26″E / 53.06139°N 7.27389°E / 53.06139; 7.27389

Реде (германски: Rhede) — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс, близу границата со Холандија, околу 10 километри западно од Папенбург и 20 километри југоисточно од Виншотен.

Географија

Местоположба

Општината Реде се наоѓа во крајниот северозапад на округот, на западниот брег на Емс. Се граничи непосредно со Холандија.

Соседни општини

Реде на север се граничи со општината Бунде и со градот Венер во округот Лер, на исток со градот Папенбург, на југ со општинската заедница Дерпен и на запад со општината Вестерволде во холандската покраина Гронинген.

Општински единици

Местоположба на единиците со број на жители

zentriert

1. Борзум 145
2. Бруал 682
3. Нојреде 476
4. Реде 3.179

Галерија

Наводи

Надворешни врски