Сантјаго де Компостела
Сантјаго де Компостела Santiago de Compostela | |||
---|---|---|---|
![]() Сантјаго де Компостела | |||
| |||
Координати: 42°52′50″N 8°32′47″W / 42.880447°N 8.546303°W | |||
Држава | ![]() | ||
Автономна заедница | ![]() | ||
Покраина | А Коруња | ||
Округ | Сантјаго | ||
Управа | |||
• Вид | Совет | ||
• Градоначалник | Анхел Курас Фернандес (PP) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 220 км2 (80 ми2) | ||
Надм. вис. | 260 м | ||
Население (2008)INE | |||
• Вкупно | 94,339 | ||
• Густина | 428,81/км2 (111,060/ми2) | ||
Демоним | santiagués (m), santiaguesa (f) compostelano (m), compostelana (f) pichelero (m), pichelera (f) | ||
Час. појас | CET (GMT +1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (GMT +2) (UTC) | ||
Postcode | 15700 | ||
Повик. бр. | +34 | ||
ISO 3166-2 | ES-C | ||
Мреж. место | http://www.santiagodecompostela.org |
Сантјаго де Компостела (шпански: Santiago de Compostela) — главен град на автономната заедница Галисија во Шпанија. Се наоѓа во Северозападна Шпанија, во покраината А Коруња. УНЕСКО во 1985 година, стариот дел од градот го вклулчил во списокот на светско наследство. Во 2000 година градот бил прогласен за град на културата. Градот е седиште на галисиската автономна влада. Овде се наоѓа еден од најстарите универзитети во Европа и светот, Универзитет Сантјаго де Компостела.
Во градот се наоѓа истоимената катедрала која е посветена на Апостол Јаков, како последната станица од т.н. Пат кон Сантјаго, којшто започнува од Јужна Франција. Според легендата, Свети апостол Јаков на Пиринејскиот Полуостров го “донел“ христијанството. Во 44 година апостолот бил обезглавен во Ерусалим. Неговите останки подоцна биле донесени во Галисија, Шпанија. По римските прогони на христијаните, неговиот гроб бил напуштен во 3 век. Според легендата, неговиот гроб бил откриен во 814 година.[1] Епископот Теодемир видел чудо над неговиот гроб и веднаш го известил Алфонсо II од Астурија (791 — 842). Кралот веднаш наредил да се изгради капела на местото на гробот. Во 829 година била изградена првата црква, како и во 899. Кралот Алфонсо бил првиот поклоник кој го поминал т.н. Пат до Сантјаго. Во текот на 997 година, црквата била целосно опожарена и уништена од страна на Ал-Мансур Ибн Аби Амир (938 — 1002), командант на војската на Кордопскиот калифат.
Наводи
|
|