Шарл де Гол

Шарл де Гол
Роден 22 ноември 1890( 1890-11-22)
Лил
Починал 9 ноември 1970(1970-11-09) (возр. 79)
Коломбе ле Дез Еглиз, Франција
Сопружник Ивон де Гол
Деца Филип
Елизабет
Ан

Шарл де Гол (Лил, 22 ноември 1890 - Коломбе-ле-Дез-Еглиз, 9 ноември 1970) бил француски генерал и државник, претседател на Петтата Француска Република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот.

Животопис

Политичка кариера

Како претседател на Франција, де Гол му го признал правото на алжирскиот народ на самоопределување и со спогодбата во Евијан (во 1962 г.) ја завршил седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата, ја поведол Франција по патот на самостојна надворешна политика и ги повлекол француските сили од НАТО.

Значење и влијание

Во книгата „Болка“, француската писателка Маргерит Дирас остро го критикува де Гол, пишувајќи дека „во него има нешто застрашувачко, ужасно“.[1] Притоа, таа го обвинува де Гол го дека во своите говори никогаш не ги спомнал концентрационите логори и француските граѓани депортирани во нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Според неа, како водач на десницата, де Гол ѝ се обраќал само неа во своите говори и посакувал народот да биде слаб и да му верува, односно посакувал буржоаски народ, а неговата одбојност кон народот била поврзана со стравот да не се намали неговата улога и значење во војната.[2]

Наводи

  1. Marguerite Duras, Bol. Sarajevo: Svjetlost, 1988, стр. 51.
  2. Marguerite Duras, Bol. Sarajevo: Svjetlost, 1988, стр. 38.