15 век

< 14 век 15 век 16 век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00

15 век — век кој траел од 1 јануари 1401 до 31 декември 1500 година, според грегоријанскиот календар.

Gergio Deluci, Кристофер Колумбо пристигнува во Америка во 1492, Слика од 1893 година.

Во Европа, 15 век се смета за мост помеѓу доцниот среден век, раната ренесанса и почетокот на модерниот период. Многу технолошки, општествени и културни случувања од 15 век во ретроспектива може да се сметаат за најава за „европското чудо“ на следните векови. Во религиозната историја, римското папството со децении било поделен на два дела во Европа (т.н. Западен раскол), сè до Советот на Констанца. Поделбата на Католичката црква и немирите поврзани со движењето на Хуситите ќе станат фактори во подемот на протестантската реформација во следниот век.

Цариград, во денешна Турција, тогаш главниот град на христијанската Византија, паднал под османлиска власт, означувајќи го крајот на исклучително влијателната Византија и, за некои историчари, крајот на средниот век[1]. Настанот ги принудило на западните Европејци да најдат нов трговски пат, додавајќи дополнителен импулс на она што е познато како Големите географски откритија, кои довеле до глобално мапирање на светот. Истражувањата на Португалците и на Шпанците довеле до европско поврзување со Америка (Новиот Свет) и развој на Португалското Царство и Шпанското Царство.

Падот на Цариград довел до миграција на грчки научници во Италија, додека Јоханес Гутенберг ја започнал ерата на печатењето. Овие два настани одиграле клучна улога во развојот на ренесансата[2][3].

Шпанската реконквиста довел до конечното распаѓање на Гранадскиот Емират до крајот на векот, завршувајќи со седум века муслиманско управување на регионот и враќајќи ја денешна Шпанија назад кон христијанските владетели.

Стогодишната војна завршила со решавачка француска победа над Англичаните. Финансиските проблеми во Англија по конфликтот резултирале со започнувањето на т.н. Војна на розите, серија династички војни за престолот на Англија. Конфликтите завршиле со поразот на Ричард III од Хенри VII во битка кај Босворт, со што била основена династија Тудор во подоцнежниот дел од векот.

Во Азија, под власта на царот Јонгл, кој го изградил Забранетиот град и му наредил на Џенг Хе да го истражува светот во странство, а територијата на династијата Минг го достигнала својот врв. Тимур воспоставил голема империја на Блискиот Исток и Средна Азија, со цел да го оживее Монголското Царство

Во Африка, ширењето на исламот довело до уништување на христијанските кралства на Нубија.

Во Америка, Царството на Инките и Ацтеките го достигнуваат врвот на нивното влијание.

Настани

1400-ти

Јованка Орлеанка
Филипо Брунелески
  • 1401: Дилавар Кан го основа Султанатот Малава во денешна централна Индија.
  • 1402: Битката кај Анкара помеѓу Османлиското Царство и Тумуридското Царство доведува до заробување на османлискиот султан Бајазид I од страна на слилите на Тимур.
  • 1402: Султанатот Малака е основан од страна Парамешвара.
  • 1403: Населувањето на Канарските Острови го означува почетокот на Шпанското Царство.
  • 1433: Џенг Хе започнува морска експедиција низ Индискиот Океан до Индија, Арабија и Источна Африка за да го прошири влијанието и суверенитетот на Кина.
  • 1405: Граѓанска војна во Маџапахит за наследство на престолот.
  • 1407: Првото патување на Џенг Хе, до Јава, Палембанг, Малака, Ару, Самудера и Ламбри.[4]

1410-ти

1415: Битка кај Азенкур помеѓу Кралство Англија и Франција.

  • 1415: Јан Хус е изгорен на клада како еретик на Совет од Констанца.

1420-ти

Матија Корвин.
  • 1424: Јаков I се враќа во Шкотска откако бил заложник на кралевите на Англија од 1406.
  • 1424: Дева Раја II се качува на престолот на Карната.
  • 1425: Основан е католичкиот универзитет во Лувен (Белгија) од папа Мартин.
  • 1429: Крај на опсадата на Орлеан.

1430-ти

1440-ти

1450-ти

Мехмед II влегува во освоениот Цариград
Ричард III
Хенри VII

1460-ти

1470-ти

  • 1470: Молдавските сили на чело со Стефан Велики ги победуваат Татарите од Златна Орда во Битката кај Липник.
  • 1472: Абу Абд Алах-ел-Шеик Мухамед ибн Јахја станува прв султан на Мароко од Ватасидската династија.
  • 1474 - 1477: Бургундски војни на Франција, Швајцарија, Лорен против Карло Смелиот, Војвода од Бургундија.
Карло Смелиот

1480-ти

1490-ти

Наводи

  1. Crowley, Roger (2006). Constantinople: The Last Great Siege, 1453. Faber. ISBN 0-571-22185-8. (reviewed by Foster, Charles (22 September 2006). „The Conquestof Constantinople and the end of empire“. Contemporary Review. Архивирано од изворникот на 22 August 2009. It is the end of the Middle Ages
  2. Encyclopædia Britannica, Renaissance, 2008, O.Ed.
  3. McLuhan 1962; Eisenstein 1980; Febvre & Martin 1997; Man 2002
  4. Modern interpretation of the place names recorded by Chinese chronicles can be found e.g. in Some Southeast Asian Polities Mentioned in the MSL Архивирано на 12 јули 2012 г. Архивирано на 12 јули 2012 г. by Geoffrey Wade
  5. „Historical Events in 1452“. OnThisDay.com (англиски). Посетено на 2017-08-08.
  6. „What Happened In 1453“. Hisdates. Посетено на 2017-08-08.
  7. Vasconcelos e Sousa, Bernardo. „História de Portugal“ (португалски) (4. изд.). стр. 182.
  8. Bennett, Vanora. „London and the Wars of the Roses“. Архивирано од изворникот на September 14, 2013. Посетено на 2013-08-16.
  9. Palmer, Alan; Palmer, Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 128–131. ISBN 0-7126-5616-2.