22 март
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
22 март — 81-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (82-и во престапна година). Остануваат 284 денови до крајот на годината.
Настани:
238 | Гордијан I и неговиот син Гордијан II се прогласени за римски цареви. |
1312 | Папа Климент V го укинува Темпларскиот ред, основан во 1118 година во Палестина. |
1822 | САД го забранува многуженството. |
1879 | Софија станува престолнина на новосоздаденото Кнежевство Бугарија. |
1919 | Унгарија станува советска република |
1919 | Воспоставена е првата меѓународна авионска линија меѓу Париз и Брисел. |
1933 | Отворен е концентрациониот логор Дахау. |
1935 | Персија официјално го променува своето име во Иран. |
1943 | Сите Евреи од Македонија кои беа собрани од страна на Бугарскиот окупатор во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти. |
1945 | Египет, Ирак, Јордан, Либан и Сирија во Каиро ја формираа Арапската лига. |
1983 | Хаим Херцог е избран за претседател на Израел. |
1995 | Космонаутот Валери Полаков се вратил од космосот, поставувајќи нов рекорд- 436 денови. |
1996 | Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Здружението на европските академиии. |
2004 | Духовниот водач на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), шеикот Ахмед Јасин загина при израелски воздушен напад во Газа. |
2004 | Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија. |
2009 | Одржан првиот круг од Претседателските избори во Република Македонија. |
Родени:
1459 | Максимилијан I — германски крал и свет римски цар. |
1876 | Бора Станковиќ — српски писател. |
1887 | Чико Маркс — американски глумец. |
1912 | Карл Малден — американски глумец. |
1923 | Марсел Марсо — француски глумец. |
1928 | Вељко Булајиќ — југословенски режисер. |
1938 | Тришо Стојановски — македонски писател и новинар. |
1940 | Лилјана Белева — македонски писател. |
1941 | Бруно Ганц — швајцарски глумец. |
1943 | Џорџ Бенсон — американски џез-гитарист. |
1947 | Џејмс Патерсон — американски писател. |
1948 | Андру Лојд Вебер — британски композитор. |
1949 | Џон Тошак — велшки фудбалер и тренер. |
1950 | Горан Бреговиќ — босански и југословенски музичар, член на рок-групата „Бјело Дугме“. |
1953 | Кенет Рогоф — американски економист и шаховски велемајстор. |
1956 | Ѓоре Јованоски — македонски фудбалер. |
1957 | Борис Домагој Билетиќ — хрватски писател. |
1958 | Жан Виденов — премиер на Бугарија. |
1962 | Владо Чапљиќ — босански и југословенски фудбалер. |
1976 | Рис Витерспун — американска глумица. |
1978 | Нинослав Константиновиќ — еден од учесниците во атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ. |
1980 | Вели Мумин — македонски боксер. |
1985 | Енрико Гаспарото — италијански велосипедист. |
1985 | Мухамед Ал Анбар — фудбалер од Саудиска Арабија. |
1985 | Јакоб Фуглсанг — дански велосипедист. |
1988 | Жофре Суп — француски велосипедист. |
1989 | Патрик Винче — германски ракометар. |
1989 | Бен Кинг — американски велосипедист. |
1992 | Еди Таварес — зеленортски кошаркар. |
Починале:
752 | Папа Захариј — римски папа од 10 декември 741. |
1687 | Жан Батист Лили — француски композитор. |
1832 | Јохан Волфганг Гете — германски писател. |
1852 | Огист Мармон — француски маршал. |
1916 | Фердинанд Фелнер — австриски архитект. |
1955 | Иван Шубашиќ — хрватски политичар и правник. |
2001 | Вилијам Хана — американски аниматор, продуцент и режисер на цртани филмови. |
2004 | Ахмед Јасин — водач на Хамас. |
2005 | Кензо Танге — јапонски архитект. |
2006 | Пјер Клостерман — истакнат пилот од Втората светска војна. |
2019 | Скот Вокер — американски музичар и продуцент. |
2022 | Милован Витезовиќ — српски писател и универзитетски професор. |
Празници:
1970 | Ден на планетата Земја |