Естремадурски јазик

Екстремадурски
estremeñu
Застапен воШпанија
ПодрачјеЕкстремадура
Народ1,1 милион (?)[1]
Говорници(200.000 во 1994 г.)e14
Јазично семејство
индоевропско
Јазични кодови
ISO 639-3ext

Естремадурски или екстремадурски (самонар. estremeñu, eʰtːɾeˈmeɲʊ) — романски јазик кој го говорат неколку стотини илади луѓе во Шпанија, на подрачјето северозападниот дел на автономната заедница Екстремадура и соседните делови од покраината Саламанка.[2][3] Точната граница меѓу естремадурскиот и шпанските дијалекти кои се говорат во Екстремадура е нејасна и тешка за утврдување.

Говори

Говорите на естремадурскиот јазик се делат на три наречја: северно или „горно“ (artu estremeñu), средно (meyu estremeñu) и јужно или „долно“ (baju estremeñu).[3] Северното наречје, кое важи за главно,[4] се говори во северозападниот дел на автономната заедница Екстремадура и југозападниот дел на покраината Сакаманка (во автон. заедница Кастиља и Леон). Средното и јужното наречје се застапени во остатокот на Екстремадура. Од XVIII век наваму тие говори не се разликуваат доволно од шпанскиот за да бидат посебни јазици, туку се сметаат за наречја.

Северното наречје е присутно и во неколку села на северот на Саламанка во посебен говор наречен „реболјарски“, кој е речиси изумрен.

Споредба со други јазици

латински италијански романски шпански португалски естремадурски леонски македонски
altus alto inalt alto alto artu [5] altu висок
prope quasi aproape casi quase cuasi, abati cuasi речиси
dicere dire a zice decir [deˈθir] dizer izil [iˈðil] dicire вели
facere fare a face hacer [aˈθer] fazer hazel [haˈðel] facere прави
focus fuoco foc fuego fogo hueu fueu оган
flamma fiamma flamă llama chama flama chama пламен
legere leggere a citi leer ler leel lliere чита
language language limbă lengua língua luenga/léngua llanguage јазик
lumbum lombo (zona) lombară lomo lombo lombu llombu бедра
mater madre mamă madre mãe mairi mai мајка
merula merlo mierlă mirlo melro mielru mielru кос
monstrare mostrare demonstrare mostrar mostrar muestral amuesare снежи
noster nostro nostru nuestro nosso muestru/nuestru nuesu наш
tussis tosse tuse tos tosse tossi tose кашлица

* Зборовите во табелата се исклучиво северноестремадурски.

** Естремадурските зборови во табелата се запишани со правописот на Исмаел Кармона Гарсија.

Пример

естремадурски леонски астурски шпански македонски
El estremeñu es una luenga palrá nel noroesti de la comuniá autónoma d'Estremaúra. L'estremennu yía una llanguage falada nel noruesti la comunidá autónoma Estremadura. L'estremeñu ye una llanguage falada nel noroeste de la comunidá autónoma d'Estremadura. El extremeño es una lengua hablada en el noroeste de la comunidad autónoma de Extremadura. Естремадурскиот е јазик кој се говори во северозападот на автономната заедница Екстремадура.

Поврзано

  • Естремадурци
  • Астурлеонски јазици
  • Фала (јазик)
  • Кастуо

Наводи

  1. Extremaduran — Ethnologue (XIII изд., 1996).
  2. Ethnologue
  3. 3,0 3,1 Proel
  4. „Españolsinfronteras“. Архивирано од изворникот на 2016-02-23. Посетено на 2016-02-21.
  5. Izionariu castellanu-estremeñu (2005)

Надворешни врски