Сицилиски јазик

Сицилиски
Sicilianu
Застапен воСицилија, Калабрија (средна и јужна), Кампанија (Чиленто), Апулија (Саленто, Лече), Малта
Говорници6,8 милиони  (2010)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2scn
ISO 639-3scn
{mapalt}

Сицилискиот (изворно: lu sicilianu или siculu; италијански: language siciliana) е јазик од романското семејство. Се говори на островот Сицилија и помалите околни острови, во јужна Калабрија (каде се нарекува јужнокалабриски), во јужните делови на Апулија, Саленто (каде се нарекува салентски) и во Кампанија, каде се нарекува чилентски (Gordon, 2005). „Етнолог“ го опишува сицилијанскиот како „достатно различен од литературниот италијански за да се смета за посебен јазик“ (Gordon).

Говорници

Денес јазикот го говорат највеќето жители на Сицилија, како и иселеништвото низ светот, особено во САД, Канада, Австралија и Аргентина. ВО последните две до три децении, голем број на сицилијанци се преселиле во индустриските подрачја во северна Италија и остатокот од Европската Унија, особено во Германија.

Сицилискиот нема службен статус никаде, па дури ни во Сицилија и нема установа што го регулира. Најблиску до надлежност за јазикот е Центарот за сицилиски филолошки и лингвистички изучувања (Centro di studi filologici e linguistici siciliani) во Палермо, кој го истражува јазикот и објавува лингвистички дела уште од неговото основање во 1951 г.[1]

Автономниот регионален парламент на Сицилија има донесено законски уредби за изучување на сицилискиот јазик во сите училишта, но реализацијата досега е мошне бавна (Cipolla, 2004).

Јазикот официјално се признава во општинските статути на сицилиските градови како Калтаџироне[2] и Грамикеле,[3] каде се прогласува „неотуѓивата историска и културна вредност на сицилискиот јазик“. Предвидена е и заштита и промовирање на јазикот согласно Европската повелба за регионални и малцински јазици (ECRML), но италијанскиот парламент досега не го има потврдено предлог-законот.[4]

Во разните сицилиски заедници во САД и Канада (особено во Монтреал), јазикот е зачуван и се изучува во семејството и преку културни и фолкорни друштва и црковни организации, а постојат и друштвени групи на интернет.[5][6][7]

Име на јазикот

Името на јазикот доаѓа од најголемиот древен староседелски народ на Сицилија наречен Сикули, кој живеел на островот пред доаѓањето на Грците во VIII век п.н.е..

Дијалекти

Како и другите јазици, сицилискиот има свои дијалекти, што припаѓаат на следниве наречја (Gordon и Bonner 2001):

  • западно - во Палермо, Трапани, среднозападно Агриџенто)
  • централно - во средниот дел на Сицилија, што опфаќа извесни делови од покраините Калтанисета, Месина, Ена, Палермо и Агриџенто)
  • југоисточно - во покраината Рагуза и соседното подрачје од покраината Сиракуза)
  • енско (Ennese) - во покраината Ена
  • источно - во подрачјето на Катанија (втор град по големина на Сицилија) и соседното подрачје од покраината Сиракуза)
  • месинско (во покраината Месина)
  • липарско или еолско - на Липарските (Еолски) Острови)
  • пантелериско (на островот Пантелерија)
  • јужно- и среднокалабриско (Calabrese) - јужниот и среден дел на Калабрија, вклучувајќи ги покраините Реџо Калабрија, Вибо Валентија, Катанѕаро иа најголемиот дел од Кротоне)
  • јужноапулско (Pugliese или Salentino) - полуостровскиот дел на Апулија)
  • чилентско (Cilentano) - во подрачјето на Чиленто во Кампанија)

Поврзано

Наводи

Надворешни врски