Староокситански јазик

староокситански
старопровансалски
Застапен воПрованса
ЕраVIII до XIV век
Јазично семејство
индоевропско
Јазични кодови
ISO 639-2pro
ISO 639-3pro

Староокситански јазик (окситански: occitan ancian) нарекуван и старопровансалски јазик – најраниот облик на окситороманските јазици како што е пренесен во записите од осмиот до четиринаесеттиот век.[1][2] Староокситанскиот вообичаено ги вклучува раноокситанскиот и староокситанскиот јазик. Средноокситанскиот понекогаш е вклучуван во староокситанскиот, а понекогаш во модерниот окситански јазик.[3] Поимот окситан (occitanus) се појавил околу 1300 година[4], па во средновековните текстови староокситанскиот стои како „романски“ или „провансалски“ јазик.

Историја

Меѓу најраните записи на окситанскиот јазик се Tomida femina, Boecis, и Cançó de Santa Fe. Староокстинскиот, јазикот кој го користеле трубадурите, бил првиот романски јазик со книжевен корпус и имал огромно влијание на развојот на лирската поезија кај другите европски јазици. Интерпункцијата била одлика на правописот и истата денес преживува во каталонскиот и гасконскиот јазик. Старокаталонскиот јазик произлегол од староокситанскиот меѓу единаесеттиот и четиринаесеттиот век. Рани текстови на каталонски се Homilies d'Organyà, Cançó de Santa Fe и Greuges de Guitard Isarn.

Фонологија

Староокситанскиот се менувал и еволуирал низ историјата. Изговорот на староокситанскиот е реконструиран врз основа на последните еволутивни промени на јазикот.[1][2]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Староокситански изговор на мрежното место DOM (француски)
  2. 2,0 2,1 André Bianchi et Alan Viaut, La lenga del trobar. Precís de gramatica d'occitan ancian, Извадоци (француски)
  3. "Раноокситански период вообичаено се смета периодот од околу 800 до 1000 година, староокситански од 1000 до 1350 година, и средноокситански од 1350 до 1550 година" in William W. Kibler, Medieval France: An Encyclopedia, Routledge, 1995, ISBN 0-8240-4444-4
  4. Smith and Bergin, Old Provençal Primer, p. 2

Надворешни врски