Истроромански јазик — источноромански јазик што е зборуван од неколку жители на две села на полуостровот Истра во Хрватска. Порано се зборувал на поголема територија на североисточно. Луѓето се нарекуваат себеси Vlahi,Rumeni, Rumêri или Rumâri но денес исто така се нарекуваат и според околните планини па така имаме Ćići (Ќиќи) и Ćiribiri (Ќирибири). Тие се поделени во две групи и тоа: Ќиќи околу Жејане и Влахи околу Шушњевица.