31 октомври
Предлошка:Октомври 2025 31 октомври — 304-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (305-и во престапна година). Остануваат 61 денови до крајот на годината.
Настани:
1517 | На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на реформацијата“. |
1876 | Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести. |
1892 | Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс. |
1924 | Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето. |
1956 | Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот Канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет. |
1984 | Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики. |
1994 | Водачот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата. |
1995 | Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ. |
Родени:
1345 | Фердинанд I — крал на Португалија. |
1391 | Едвард Португалски — крал на Португалија. |
1424 | Владислав III — крал на Полска и Унгарија. |
1705 | Климент XIV — римски папа од (1769-1774). |
1835 | Адолф фон Бајер — германски хемичар. |
1838 | Луис I — крал на Португалија. |
1892 | Александар Алехин — руски шахист. |
1903 | Џоан Робинсон — англиска економистка. |
1905 | Хајнрих фон Штакелберг — германски економист. |
1919 | Димитар Богоевски - Мите — народен херој на Македонија. |
1920 | Фриц Валтер — германски фудбалер. |
1921 | Бранко Станковиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
1929 | Бад Спенсер — италијански глумец. |
1930 | Мајкл Колинс — американски космонаут. |
1939 | Али Фарка Туре — музичар од Мали. |
1942 | Атанас Ќушкоски — македонски драмски писател. |
1947 | Херман ван Ромпој — белгиски политичар. |
1961 | Питер Џексон — новозенландски режисер. |
1963 | Џони Мар — англиски рок-музичар, член на групата „Смитс“ (The Smiths). |
1964 | Марко Ван Бастен — холандски фудбалер. |
1968 | Ванила Ајс — американски рапер. |
1971 | Сашо Гешовски — првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избиле во 1991 година во СФРЈ. |
1972 | Григорис Георгатос — грчки фудбалер. |
1976 | Гути — шпански фудбалер. |
1979 | Симао Саброса — португалски фудбалер. |
1995 | Предраг Рајковиќ — српски фудбалски голман. |
1997 | Маркус Рашфорд — англиски фудбалер. |
1999 | Јани Атанасов — македонски фудбалер. |
2002 | Ансу Фати — фудбалер од Гвинеја-Бисау. |
Починале:
1448 | Јован VIII Палеолог — претпоследен византиски цар. |
1851 | Петар Петровиќ - Његош — владика и владетел на Црна Гора. |
1898 | Јосиф Ковачев — македонски педагог, реформатор, револуционер, политичар и научник. |
1984 | Индира Ганди — премиер на Индија и истакнат водач на Движењето на неврзаните. |
1987 | Џозеф Кемпбел — американски митолог. |
1993 | Ривер Феникс — американски глумец и музичар. |
1993 | Федерико Фелини — италијански филмски режисер. |
1997 | Тадеуш Јанчар — полски глумец. |
2002 | Михалис Стасинопулос — претседател на Грција. |
2002 | Раф Валоне — италијански фудбалер и глумец. |
2005 | Амрита Притам — индиска писателка. |
2006 | Питер Бота — претседател на ЈАР. |
2011 | Флоријан Алберт — унгарски фудбалер. |
2020 | Шон Конери — шкотски глумец. |
Празници:
* | Светски ден на штедењето |
* | Ноќ на вештерките |
* | Ден на реформацијата — празник во протестантството, особено за лутеранците. Државен празник во Чиле. |