Општествени науки

Раните пописи и истражувања дадоа демографски податоци.

Општествени науки се група на академски дисциплини што ги проучуваат човечките аспекти на светот. Тие се засноваат на примена на научни методи во изучувањето на човечката средина. Исто така се познати како меки науки.

Психологија го изучува човечкиот ум и однесување; социологија го разгледува човечкото општество и човечките врски остварени во неговите рамки; политичките науки го изучуваaт владеењето на различните групи и земји; комуникација - текот на дискурсот низ различните медиуми; а економија ги разгледува производството и распределбата на богатство во општеството.

Основни општествени науки

Овој напис е за науката што ги проучува општествените групи. За интегрирана научна област кое има за цел да промовира граѓанска способност, погледнете Општествени студии. Науката за општеството е област која се занимава со општеството. Терминот ''“Општествена наука”'' честопати се користи како повеќезначен термин кој се однесува на плуралноста на области надвор од природните науки, обично специјално за администативни или раководствени науки. Меѓудругото, овие вклучуваат : антропологија, археологија, криминологија, економија, образование, влада, лингвистика, меѓународни односи, политички науки, социологија, географија, историја, право и психологија. Сепак, терминот може да се употреби во конкретен контекст кој се однесува на социологијата, наука воспоставена во XIX век како прва наука која ќе го проучува општеството. Според оваа дефиниција, Емил Диркeм, Карл Маркс и Макс Вебер се сметаат за главните архитекти на современата општествена наука. Позитивистите користат методи на поистоветување на тие од природните науки што се користат како алатки за разбирање на општеството, и според тоа се залагаат за дефинирање на науката во нејзиниот построг модерен пристап. Спротивно на нив, преведувачите може да ја употребуваат општествената критика или интерпретација на симболите наместо градење на емпириски лажни теории, и според тоа да ја третираат науката во нејзината поширока смисла. Во современата академска практика, истражувачите се честопати филозофски настроени, користејќи многукратни методологии ( на пример со комбинирање на квантитативните и квалитативните техники). Поимот општествено истражување исто така има потреба од автономна диплома како што практичарите од различни дисциплини ги делат своите цели и методи.

Историјата на науката за општеството Главен извор: Историја на општествената наука и Историја на социологија

Историјата на општествената наука започнува со корените на античката филозофија. Во античката историја, немаше разлика меѓу математиката и проучувањето за историјата, поезијата или политиката. Ова единство на науката како описни остатоци и изведени разгледувања на аксиоми создаде научна рамка.

Годината на просветителството создаде револуција во естествената филозофија, менувајќи ги основните рамки преку кои поединците го подразбираа научното. Во некои правци, забрзаниот тренд на математичките студии предвидуваше реалност независна за набљудувачот и се одвиваше по сопствени правила. Општествените науки прозилегоа од моралната филозофија на времето и беа под влијание на годините на револуција, како што се Индустриската револуција и Француската револуција. Општествените науки се развија од науките ( експериментални и применети), или од основите на систематичното знаење или утврдената практика, која се поврзува со општествениот напредок на група интерактивни битија. Почетоците на општествените науки во XVIII век се одраз на неколку големи енциклопедии на Дидро,кои содржат статии на Русо и други пионери. Исто така, растот на општествените науки се одразува во други специјализирани енциклопедии. Периодот на модернизмот забележа прва употреба на поимот “општествена наука” како посебно концептуално поле. Општествената наука е под влијание на позитивизмот, со фокус на знаење кое се заснова на реалното позитивно сетилно искуство и го избегнува негативното, a метафизичките претпоставки се отфрлаат. Огист Конт го употребува поимот “наука за општеството” за да ја објасни областа, преземено од идеите на Чарлс Фуриер. Исто така, Конт е познат по областа на општествената физика.

Овој период го следат 5 правци на развој што настанаа од општествените науки, под влијание на Конт или другите области. Еден правец што беше преземен беше подемот на општественото истражување. Големи статистички истражувања се извршија во неколку делови во САД и Европа. Друг правец што произлезе беше инициран од Емил Диркем, кој ги проучуваше “општествените факти” и Вилфредо Парето, кој ги зачна метатеоретските идеи и индивидуализмот. Третото значење кое се разви, прозилезе од методолошката поделба на сегашноста, со која општествениот феномен беше идентификуван и разбран. Ова беше извојувано од страна на фигури како Макс Вебер. Четвртиот правец, кој се темели на економијата, беше развиен и промовиран во економско знаење како тешка наука. Последниот правец беше корелација на знаење и општествени вредности, антипозитивизмот и интерпретативната социологија на Макс Вебер цврсто инсистираа на ова одделување.Во овој правец, теоријата ( опишувањето ) и препишувањето не ги преклопија формалните дискусии за субјектот.

Со пресвртот во 20 век, филозофијата на просветителството беше предизвикана во неколку наврати. По употребата на класичните теории уште од почетокот на научната револуција, неколку области ги заменија математичките студии со експериментални студии и ги проучуваа изедначувањата за да изгредат теоретска структура. Развојот на подобластите на општествените науки стана методолошки многу квантитативен. Спротивно, интердисциплинарната и интегративната научна природа истражуваа за човечкото однесување и социјалните и факторите на опкружување и направија многу природни науки да се заинтересираат за некои аспекти од методологијата на општествената наука. Примерите на ограничената неразграниченост издигна дисциплини како научното истражување на медицината, социобиологијата, невропсихилогијата, биоекономијата со историјата и социологија на науката. Квантитативното истражување и квалитативните методи зголемено се интегрираа во науката за човечката дејност и нејзините импликации и последици. Во првата половина на XX век, статистиката стана самостојна дисциплина на применета математика. Статистичките методи беа користени доверливо.

Во современиот период, Карл Попер и Талкот Парсонс го определија напредокот на општествените науки. Истражувачите продолжуваат да истражуваат за соединет консензус на тоа каква методологија може да ја има моќта и способноста да поврзе една предложена “севкупна теорија” со неколку подтеории кои со значителен успех, продолжуваат да обезбедат употребливи рамки за масивни, растечки бази на податоци. За повеќе, погледнете случајност. Во сегашноста пак, различни области на општествената наука напредуваат на милјарда начини, зголемувајќи го целокупното знаење за општеството. Во блиска иднина, општествената наука ќе се содржи од различни зони на истражување и примарни разлики во пристапот кон областа. Поимот “општествена наука”, може да се однесува и на конкретни науки за општеството основани од мислители како Конт, Диркем, Маркс и Вебер или поопшто на сите дисциплини надвор од благородните науки и уметноста. До крајот на XIX век, академските општествени науки беа сочинувани од пет области: право и изменување на законот, образование, здравство, економија со тргување и уметност. Во пресвртот на XXI век, опсежната економска област во општествената наука беше опишана како економски империјализам.

Гранки на општествената наука Дисциплините на општествената наука се гранки на знаење кои се предавани и истражувани на ниво на колеџ или универзитет. Дисциплините на општествената наука се дефинирани и признаени од академски весници во кои истражувањето е објавено, и научени од општество на општествената наука и академски оддели или факултети на кои нивните практиканти припаѓаат. Научната област на општествената наука обично има неколку под-дисциплини или гранки, и линиите по кои овие се разликуваа често се произволни и двосмислени.

Антропологија Главна статија: Антропологија

Антропологијата е севкупна “наука за човекот”, наука на целокупноста на човечкото постоење. Дисциплината се занимава со интеграција на различни аспекти на општествената наука, хуманизмот и човечката биологија. Во XX век, академските дисциплини често биле институциски поделени на три широки области. Природните науки се обиделе да ги изведат општите права низ репродукциски и потврдливи експерименти. Хуманистите воглавно ги проучувале локалните традиции, низ нивната историја, литература, музика и уметност со акцент на разбирање на конкретни поединци, настани или ери. Општествените науки се обиделе да развијат научни методи за разбирање на општествениот феномен на еден општ начин, обично низ методи различни од оние на природните науки.

Антропологиските општествени науки лесто развивале нијансирани описи за разлика од општите права изведени од физиката или хемијата, или тие можеле да ги објаснат поединечните случаи низ поопшти начела, како и во многу области на психологијата. Антропологијата , ( како некои области на историја) не се вклопува лесно во овие категории, а различни гранки на антропологијата привлекуваат една или повеќе од овие области. Во САД, антропологијата е поделена на четири подобласти: археологија, физичка или биологиска антропологија, антропологиска лингвистика и културна антропологија. Тоа е област која е понудена во најголем број на колеџи или универзитети. Зборот антропос е изведен од грчкиот збор што означува “човечко суштество” или “персона”. Ерик Вулф ја опиша социокултурната антропологија како “најнаучната од хуманизмот, и најхуманистичката од науките”.

Целта на антропологијата е да обезбеди холитичка сметка за луѓето и човечката природа. Ова значи дека, иако антропологистите генерално специјализацираат во само една подобласт, тие секогаш ги имаат на ум биолошките, лингвистичките, историските и културните аспекти на било кој проблем. Откако антропологијата се разви како наука во западните општества што беа комплексни и индустриски, поголем тренд во рамки на антропологијата беше методолошкиот двигател да се проучуваат луѓе во општества со поедноставна општествена организација, понекогаш во антрополошката литература наречени “примитивни”, но без никакви конотации или “подредености”. Денес, антропологистите користат поими како “помалку комплексни” општества и се однесуваат на луѓе кои живеат во неиндустриски, незападни култури, како луѓе или народ ( ethos) кои предизвикуваат голем интерес во антропологијата. Потрагата за холизам, најголемиот дел антропологисти ги води на проучување на луѓето во детали, притоа користејќи биогенетски, археологиски и лингвистички подагоци при директно набљудување на современите обичаи. Во 1990-тите и 2000тата, беа слушнати повици за разјаснување на она што го формира општеството и како еден набљудувач знае каде неговата или нејзината култура завршува и друга започнува, и други суштински предмети во пишаната антропологија. Можно е да се согледаат сите човечки култури како дел од една голема, развина глобална култура. Овие динамични врски, меѓу она што може да биде набљудувано на земјата, како спротивно на она што може да биде набљудувано со соединување на многу локални надгледувања останува основно во било кој вид на антропологија, било дали е културна, биологиска, линвистичка

Економија http://en.wikipedia.org/wiki/Economics Главна статија: Економија

Економијата е општествена наука која има за цел да го анализира и опише производство, дистрибуција и конзумирање на изобилство. Зборот “економија” е од грчкиот збор oikos што значи “семејство, домаќинство,недвижнина”, nomos што значи “обичај, закон” и hence значува “управување на домаќинството” или “управување на државата”. Економист е човек што ги користи економските концепти и податоци во курсот на вработувањето или некој кој се стекнал со универзитетска диплома по тој предмет. Класичната кратка дефиниција на економијата, утврдена од Лајонел Робинс во 1932 година, е “наука која го проучува човечкото однесување како однос меѓу ретки значења кои имаат алтернативна употреба”. Без реткост и алтернативна употреба, нема економски проблем. Дури, пократко е “наука за тоа како луѓето гледаат да ги задоволат своите потреби и желби” и “наука за финансиските аспекти на човечкото однесување”. Економијата има две опсежни гранки: микроекономија, каде единица на анализа е поединечниот агент, како домаќинство или претпријатие и макроекономија каде единица на анализа е економијата во целост. Друга поделба на предметни разликувања е позитивната економија, која цели да ги предвиди и објасни економските феномени, од нормативната економија, која наредува избори и дејства по некој критериум, како редот потребно вклучува субјективни вредносни одлуки. Уште од почетокот на XX век, економијата се фокусираше во голема мера на мерливите количини, работејќи и теоретски модели и емпириски анализи. Сепак, квантитативните модели може да кажеме дека потекнуваат уште од физиократското школо. Економските размислувања биле значително применети во неодамнешните декади на други општествени ситуации како политика, право, психологија, историја, религија, брак и брачен живот и други општествени интеракции. Оваа парадигма суштествено предвидува дека ресурсите се ретки бидејќи тие не се доволни да ги задоволат сите желби и дека “економската вредност” е желба да се плати како што веднаш наложува пазарната трансакција. Соперниците, хетеродоксни (кривоверни) школи или учења, како институционална економија, зелена економија, Марксистичка економија или економска социологија ги сочинуваат останатите области на претпоставка. На пример, Марксистичката економија претпоставува дека економијата во основата се занимава со размена на вредност и дека работата ( човечкиот труд) е извор на сите вредности. Широката област на економијата во општествената наука е опишана како економски империјализам.

Образование http://en.wikipedia.org/wiki/Education

Главна статија: Образование

Образованието е опкружено со специфични вештини на подучување и учење, исто нешто помалку мерливо но многу подлабоко: неделбата на знаењето, позитивната пресука и добро-развиената мудрост. Образованието како еден од неговите основни аспекти ја има препишувањето на културата од генерација на генерација ( види социјализација). Да се образува значи “да се движи” од латинскиот збор educare, или да ја упрости реализацијата на поединечниот потенцијал и талент. Тоа е применување на педагогијата, тело на теоретски и применети истражувања во врска со подучување и учење и примање на многу дисциплини како психологија, филозофија, информатика, лингвистика, неврологија, социологија и антропологија. Образувањето на самостојниот човек започнува со неговото раѓање и продолжува низ животот. (Некои верувааат дека образованието започнува дури и пред раѓањето,како што е докажано од некои родители кои додека бебето е во матката му свират музика или му читаат надевајќи се дека ќе влијае на развојот на детето.) За некои, битките и победите во секојдневниот живот обезбедуваат далеку повеќе инструкции отколку формалното школско учење ( вака Марк Твејн укорува на “никогаш не го мешајте школото со вашето образование”). Членовите на семејството може да имаат длабок образовек ефект – често многу подлабок отколку што тие самите мислат – иако семејното учење може да функционира многу неформално.

Географија http://en.wikipedia.org/wiki/Geography

Главна статија: Георафија

Географијата како дисциплина може широко да се раздели на две главни подобласти: хуманистичка географија и физичка географија. Првата се фокусира воглавно на градењето на природата и како вселената е создадена, гледана и управувана од луѓето и влијанието што ги имаат луѓето на вселената што ја окупираат. Вториот ја истражува природната околина и меѓусебниот однос и создавањето на климата, растителноста и животот, почвата, водата и Земјините облици. Како резултат на двете подобласти кои користат различни пристапи, изникна трета област, наречена, природна средина. Природната средина ја комбинира физичката и хуманистичката географија и се осврнува на интеракцијата меѓу природата и луѓето. Географичарите се обидуваат да ја разберат земјата во рамки на физички и просторни врски. Првите географичари се фокусирале на науката за правење на мапи и пронаоѓање на начини точно да ја проектираат површината на земјата. Во таа смисла, географијата спојува некои пречки меѓу природните науки и општествените науки. Историската географија често се предава на колеџ во обединет оддел за географија. Современата географија е сеопфатна дисциплина, тесно поврзана со ГИСц, што цели да ги разбере луѓето и нивната природна средина. Полето на Урбаното планирање, Регионалната наука и Планетологијата се тесно поврзани со географијата.Географските практичари користат многу технологии и методи да соберат податоци како ГИС, далечински детектори, аерофотографија, статистики и глобални системи за позиционирање ( ГПС). Областа на географијата, генерално се дели на две различни гранки: физичка и хуманистичка. Физичката географија ги испитува феномените поврзани со климата, океаните, почвата и мерките на земјата. Хуманистичката географија се фокусира на области различни како културна географија, превоз, здравје, воени операции и градови. Други области на географија вклучуваат општествена географија, регионална географија, геоматика и географија на природна средина.

Историја http://en.wikipedia.org/wiki/History

Главна статија: Историја

Историјата е непрекинато системско раскажување и истражување во минатите човечки настани прикажани низ историско-географски парадигми и теории како што е Тарнер Тезата за американската граница. Историјата има основи и во општествените и во хуманистичките науки. Во САД, Националната фондација за човештвата вклучува историја во нејзнината дефиниција за човештвото ( како што е онаа за применетата лингвистика). Сепак, Националнито совет за истражување ја класифицира историјата како општествена наука. Историскиот метод ги содржи техниките и начелата по кои историчарите користат примарни извори и друг доказ за да истражуваат и потоа да пишуваат историја. Асоцијацијата за историја на општествената наука, формирана во 1976, ги обединува научниците од бројни дисциплини фокусирани на општествената историја.

Право http://en.wikipedia.org/wiki/Law

Главна статија: Право

Во секојдевниот говор, правото изначува правило кое ( за разлика на етичкото правило) е возможно да се наметне преку институциите. Науката за правото ги преминува границите меѓу општествените науки и хуманистичките, во зависно од поединечниот поглед на истражувањето низ факти и ефекти. Правото не е секогаш наметнато, особено во контекст на меѓународните односи. Се дефинира како “систем од правила” како “интерпретативен концепт” за да се постигне правда, како “власт” да се посредува меѓу интересите на луѓето, и дури како “команда на суверенитет заграден со заканата од санкција”. Сепак, ако сакаме да помислиме на право тоа е комплетно централна општествена установа. Сепак, правната политика ги инкорпорира практичните показатели на размислување од скоро секоја општествена наука и човештво. Правата се политика, бидејќи политичарите ги создаваат. Правото е филозофија, бидејќи моралните и етичките убедувања ги обликуваат нивните идеи. Правото кажува многу историски приказни, бидејќи статутите, обичајното право и кодификациите се создадени низ времето. И правото е економија, бидејќи било кое правило за договор, кривично дело, имотно право, работно право, право на компанија и многу други имаат долгорочни ефекти на дистрибуција на богатството. Именката право е изведена од доцниот стар англиски lagu, што значи несшто утврдено или фиксирано и придавката правно доаѓа од латинскиот збор lex.

Лингвистика http://en.wikipedia.org/wiki/Linguistics

Главна статија: Лингвистика

Лингвистиката ги истражува когнитивните и социјални аспекти на човечкиот јазик.Областа е поделена на области што се фокусираат на аспекти на линвистичкиот сигнал, како синтакса ( наука за правилата што владеат со структурата на реченицата), семантика ( наука за значењето), морфологија ( наука за структурата на зборовите), фонетика ( наука за звукот на зборовите) и фонологија ( наука за апстракниот звучен систем на одреден јазик). Сепак, таа дејствува во области како лингвистичка еволуција ( наука за потеклото и еволуцијата на јазикот) и психолингвистика ( наука за психолошките фактори во човечкиот јазик). Надмоќното мнозинство на модерното истражување во лингвистиката има предоминантна синхронизирана перспектива ( фокусирана на јазикот во одредена точка во времето) и голем дел од неа- делумно се должи на влијанието на целите на Ноам Чомски – во формулирање на теориите на конгнитивната обработка на јазикот. Сепак, јазикот не егзистира во вакуум, само во мозокот, и пристапи како контактната лингвистика, креолска наука, анализа на дискурс, социо-интеракциска лингвистика и социо-лингвистика го истражуваат јазикот во општествениот контекст. Социолингвистиката често прави употреба на традиционалната квантитативна анализа и статистика во истражувањето на честоста на цртите, додека некои дисциплини како контакт лингвистиката, со фокус на квалитативната анализа. Додека одредени области на лингвистиката можат вака да бидат разбрани како јасно се поклопуваат со општествените науки, други области како акустичната фонетика и невролингвистиката соодвествуваат со природните науки. Лингвистиката, секундарно се однесува на хуманизмот, кој изигра голема улога во лингвистичките потраги во XIX и раниот XX век. Фердинанд де Сосир се смета за татко на модерната лингвистика.

Политичка наука http://en.wikipedia.org/wiki/Politics

Главна статија: 'Политичка наука или Политика

Политичката наука е академска и истражувачка дисциплина која се занимава со теоријата и практиката на политиката и објаснувањето и анализата на политичките системи и политичкото однесување. Областите и подобластите на политичката наука вклучуват позитивна политичка економија, политичка теорија и филозофија, граѓанско право и компаративна полтиика, теоријата вклучува јавна администрација, административно однесување, државно право, правно однесување и државна политика. Исто така политичката наука ја проучува моќта во меѓународните односи и теоријата на голема моќ и супермоќ. Политичката наука методолошки се разликува, иако последните години сведочат за бум во употребата на научниот метод. Тоа е зголемување на формално-дедуктивниот модел на градење и квантитативно хипотетичко тестирање. Пристапите по дисциплината вклучуваат рационален пристап, класична политичка филозофија, интерпретивизам, структурализам и бихевиорализам, реализам, плурализам и институционализам. Политичката наука како една од општествените науки ги користи методите и техниките што се поврзуваат со видови на потребните пребарувања: првични изводи како историски документи, интервјуа и официјални записници како и второстепени изводи како написи во зборник се користат за градење и тестирање на теории. Емпириските методи вклучуваат истражување на анкети, статистички анализи/економетрики, студии на случајот, експерименти и градење на модели. Херберт Бекстер Адамс е кредитиран со ковање на фразата “политичка наука” додека предавал историја на Универзтиетот Џонс Хопкинс.

Јавна администрација http://en.wikipedia.org/wiki/Public_administration

Главна статија: Јавна администрација

Една од главните дејности на политичката наука, јавната администрација може да биде опширно опишана како развој, имплементација и наука за областите на владината политика. Трагањето за јавното добро преку зголемување на граѓанското општество и општествената правда е единствената цел на полето.Иако јавната администрација историски се однесува на управување на влада, се зголемува опкружувањето на невладини организации (НВО) што исто работат со слична, примарна посветеност на подобрување на човештвото. Разликувањето на јавната администрација од бизнис администрацијата е тесно поврзано поле што стана популарен метод за дефинирање на дисциплината со споредување на двете. Прво, целите на јавната администрација се потесно поврзани со оние често цитирани како цели на американските основачи и демократски луѓе. Тоа е, државните службеници работат за да ја подобрат еднаквоста, правдата, сигурноста, ефикасноста и делотворноста и од време на време профитот. Овие вредности помагаат за да се диференцира полето на бизнис администрацијата кое примарно работи за профит, и да ја дефинира дисциплината. Второ, јавната администрација е релативно ново, мултидисциплинарно поле. Книгата “Наука за администрацијата“ на Вудро Вилсон честопати е цитирана како антологиска работа. Вилсон застапуваше попрофесионално работење во секојдневните активности на државните службеници. Понатаму, идниот претседател ја препознал потребата во САД на одделување меѓу политичките партии и добрата бирократија, што било исто така долготраен предмет. Мултидисциплинарната природа на јавната администрација е поврзана со трета дефинирачка црта: административни должности. Државните службеници работат во државни агенции, во сите нивоа на владеење и изведуваат на широк опсег на задачи. Државните службеници собираат и анализираат податоци ( статистики ), ги надгледуваат фискалните операции (буџет, сметки и прилив на пари ), организираат големи настани и состаноци, предлагаат законодавство, развиваат политики и често вршат легално доделени владини активности. Во однос на овој финален аспект, државните службеници се гледаат себеси како служат како службени говорници, секретари, записничари, деловодители, јавни нотари, касиери и менаџери. Всушност, дисциплината одговара многу добро со многу професионални полиња како информациска технологија, финансии, право и инжинеринг. Кога станува збор за испорака и контрола на државните услуги, државен службеник е несомнено вклучен.

Психологија

Главна статија: Психологија Психологијата е академска и применета област која вклучува проучување на бихевиорални и ментални процеси. Психологијата исто така се однесува на применување на такво знаење во неколку сфери на човечката активност, вклучувајќи проблеми во секојдневниот живот на поединците и третирање на ментална болест. Психологијата се разликува од антропологијата, економијата, политичката наука и социологијата во процесот на пронаоѓање на објаснувачка воопштеност за функционирањето на општествените групи или ситуации на специфично човечко однесување. Во практиката, сепак, постои големо меѓуоплодување што зазема место меѓу различни полиња. Психологијата се разликува од биологијата и неврологијата во тоа што примарно се фокусира на интеракција на менталните процеси и однесувања, и од целокупните процеси на системот, а не едноставно на самите билогоиски или нервни процеси, низ подобласти на невропсихологија ја комбинира науката за истите нервни процеси со науката на менталните ефекти што тие субјективно ги создале. Многу луѓе ја поврзуваат психолохијата со клиничката психологија која се фокусира на определба и третман на проблемите во животот и во психопатологијата. Во реалноста, психологијата има милјарда специјалности вклучувајќи: социјална психологија, развојна психологија, когнитивна психологија, индустриски-организациска психологија, математичка психологија, невропсихологија и квантитативна анлиза на однесување итн. Зборот психологија доаѓа од грч. psyche (“душа”, “мозок”) и logy (наука). Психологијата е многу опширна наука што ретко се напаѓа како целина, како голем блок. Иако некои подобласти образуваат основи на природна наука и применување на општествена наука, други може да бидат јасно разликувани како некои што имаат малку заедничко со општествената наука или имаат многу заеднички црти со општествената наука. На пример, биологиската психологија се смета за природна наука со општествено научна примена ( како во клиничката медицина), општествената и професионалната психологија се, генерално кажано, чисти општествени науки , додека невропсихологијата е природна наука што има недостиг на применување надвор од целата научна традиција. На британските универзитети, акцентот на тоа каква доктрина на психологија студентот студирал/ или се концентрирал се гледа врз основа на доделената диплома: Д.Пси. индицира на баланс меѓу природните и општествените науки, Д. Сц. укажува на силна ( или целосно) научна концентрација, каде Д. подвлекува мнозинство на општествени кредити. Сепак во случајот ова не е секогаш потребно, и во многу институции во Велика Британија, студентите учат Д.Пси, Д.Сц. и Д. следејќи го истиот наставен план како што е прецизирано од Британското општество за психологија и ги имаат отворени за нив истите можности на специјализација без разлика на тоа дали избрале баланс, бази на опсежна наука или база на опсежно општествена наука за нивната диплома. Ако на пример тие студирале Д. но специјализирале во обемни научни основани модули тогаш тие ќе бидат генерално доделени со Д.

Социологија

Главна статијa: Социологија

Социологијата е систематична наука за општеството и човечката општествена активност. Значењето на зборот доаѓа од наставката “-ology” што значи “наука за”, изведен од грчкиот јазик и коренот “soci-“ што е од латинскиот збор socius то значи “друштво”, или општество, генерално. Социологијата првично беше основана од Огист Конт ( 1798-1857) во 1838. Конт настојувал да ја изедначи историјата, психологијата и економијата низ описнсо разбирање на социјалната реалност. Тој предложил дека социјално болните може да бидат лекувани низ социологичен позитивизам, епистемолошки пристап претставен во Курсот на позитивната филозофија (1830 – 1842) и Генерален поглед на позитивизмот (1844). Иако, Конт генерално се смета за “татко на социологијата”, дисциплината била формално основана од друг француски мислител, Емил Диркем (1858- 1917) кој го развил позитивизнот како темел на практично општествено истражување. Диркем го поставил првиот Европски оддел за социологија на Универзитетот на Бордо во 1895, издавајќи ја неговата Правила на социјалниот метод. Во 1896, тој го започнал весникот L’Anee Sociologigue. Антологискиот монограф на Диркем, “Самоубиство” (1897), станува студија за случајот на самоубиствените стапки меѓу популациите на католиците и протестантите, различна социолошка анализа од психологијата и филозофијата. Карл Маркс го одбил позитивизмот на Конт но сепак се трудел да воспостави наука за општеството врз основа на историскиот материјализам, станувајќи познат како основачка фигура на социологијата посмртно како што терминот добил пошироко значење. Во пресвртот на XX век, првиот бран на германски социолози, вклучувајќи го Макс Вебер и Георг Димел, развиле социолошки антипозитивизам. Областа можела да биде широко признаена воглавно како амалгам на трите начини на општествена мисла: Дирксисистички позитивизам и структурен функционализам, Марксистички историски материјализам и теорија на конфликт, Веберски антипозитивизам и анализа на разбирање. Американската социологија широко се издигала на одделна траекторија, со мало Марксистичко влијание, со акцент на ригорозна експериментална методологија и тесна поврзаност со прагматизмот и социјалната психологија. Во 1920-тите,школата во Чикаго, развила симболичен интеракционизам. Во меѓувреме во 1930-тите, Франкфуртската школа ја предводело идејата за критична теорија, интердисциплинарна форма на Марксистичката социологија која земала замав меѓу мислителите различни како Зигмунд Фројд и Фридрих Ниче. Критичката теорија станува дел од животот после Втората светска војна, влијаејќи на книжевната критика и Бирмингемската школа како основа на културните студии. Социологијата се развила како академски одговор на предизвиците на современоста, како индустријализација, урбанизација, секуларизација и мисловен процес на обвиткана рацонализација. Бидејќи, социологијата е таква обемна дисциплина, тешко може да се дефинира дури и за професионалните социологисти. Полето генерално се занимава со општествени правила и процеси што ги поврзуваат и оделуват луѓето не само како поединци, туку како членови на здруженија, групи, заедници и институции и вклучуваат истражување на организацијата и развој на социјалниот живот на човекот. Социолошкото поле на интереси рангира од анализа на кратки договори меѓу анонимни поединци на улицата до наука за глобални општествени процеси. Во рамки на социологистите, Питер. Л. Бергер и Томас Лукман, социолозите бараат разбирање за социјалната градба на реалноста. Најголемиот број социлози работат на една или повеќе подобласти. Еден корисен начин да се опише дисциплината е со грозд од подобласти што истражуваат различни димензии на општеството. На пример, општествената стратификација ја проучува нееднаквоста и класна структура; демографските ги проучуваат промените во големината или видот на популацијата; криминологијата го проучува криминалното однесување и девијација; и политичката социологија ја проучува интеракцијата меѓу општеството и земјата. Од нејзиниот зачеток, социолошките епистемологии, методи и рамки на пребарување значително се прошириле и раздвоиле. Социологистите користат разновидност од методи на истражување, развиени според емпириски техники или критички теории. Честите современи методи вклучуваат, студии на случај, историски истражувања, интервјуирања, набљудување на членови, анализа на друштвени мрежи, преглед на истражувања, статистичка анализа и градење на модели меѓу другите пристапи. Од доцните 1970-ти, многу социологисти се обиделе да ја направат дисциплината корисна за неакадемски цели. Резултатите од социолошките истражувања им помогнале на воспитувачите, правниците, службениците, развивачите и другите заинтересирани за решавање на општествените проблеми и формирањето на јавна политика, низ поддисциплинарни области како евалуациско истражување, методолошка определба и јавна социологија. Новите социолошки подобласти продолжуваат да изникнуваат како науки за заедницата, пресметувачка социологија, социологија на природна средиа, мрежна анализа, соучесничка мрежна теорија и растечка листа, многу од кои се крос-дисциплинарни по природа.

Понатамошни области

Додатни дисциплини и области на проучување на општествената наука вклучуваат: - Археологија е наука што ги проучува човечките култури низ повторно воспоставување, документација, анализа и интерпретација на материјални остатоци и податоци од природната средика вклучувајќи архитектура, артефакти, одлики, биофакти и пејзаж. - Студии по област се интердисциплинарни области на проучување и наука кои припаѓаат на одредени географски, национални/федерални или културни региони. - Бихевиорална наука е поим кои ги опкружува сите дисциплини што ги истражуваат активностите на и интеракцијата меѓу организмите во природниот свет. - Комуникациски студии е академско поле што се занимава со процеси на комуникација, често дефинирани како делење на симболи низ растојанија во вселената и времето. - Демографијата е статистичка наука за сите популации. - Развојните студии се мултидисциплинарна гранка на општествената наука која раководи со прашања на земјите во развој. - Науката за природната стредина ги интегрира социјалните, хуманистичките и природните научни перспективи во односот меѓу луѓето и природната околина. - Информатиката е интердисциплинарна наука која примарно работи со собирање, класификација, манипулација, меморирање, пребарување и распространување на информации.

Методологија и теорија

Општествено истражување

Потеклото на истражувањето може да се побара назад, во почетоците како Домесдеј Бок во 1086, додека некои научници го лоцираат потеклото на демографијата во 1663 со објавувањето на книгата на Џон Граунт “Природни и политички набљудувања на сметките на смртност”. Социјалните истражувачи започнале најитернационално, сепак со позитивистичката филозофија на науката во XIX век. Во современата употреба, “општественото истражување” е релативно автономен поим, кој ја опкружува работата на практичарите од различни дисциплини кои ги споделуваат своите цели и методи. Општествените научници употребуваат голем број на методи сè со цел да анализираат широк поглед на општествениот феномен; од цензус истражувања, податоци изведени од милиони поединци до комплетна анализа на истражувањето на антички историски документи. Методите оригинално се создале во класичната социологија и статистичката математика ги формирале базите за истражување во други дисциплини, како политичка наука, новинарски студии и пазарно истражување. Општествените истражувачки методи може да бидат поделени во две опсежни школи: - Квантитативен дизајн пристап на општествениот феномен низ мерлив доказ, и често се ослонуваат на статистичка анализа во многу случаи ( или низ интернационално дизајнирани третмани во експеримент) да создадат точни и веродостојни факти. - Квалитативниот дизајн го става акцентот на разбирањето на општествениот феномен низ непосредно набљудување, комуникација со членовите или анализа на текстови, и може да ја нагласува контекстуалната и субјективната точност над фактите. Научниците од општествените науки најчесто би ги комбинирале квантитативните и квалитативните пристапи, кој би претставувале дел од еден таканаречен мултидизајн на стратегијата. Прашалници, основни бази на податоци, архивски бази на податоци, како и лабораториски засновани бази на податоци се дел од техниките за мерење кои се користат. Потенцирана е важноста на мерењето и анализата, со фокус на целта која е тешко постиглива, и е цел на објективно истражување или статистичко тестирање на хипотезите. Математички модел користи математички јазик за да опише еден систем. Процесот на развивање на математички модел е наречен “математичко моделирање”. Ејкоф 1974 го има дефинирано математичкиот модел како “претставување на суштинските аспекти на постоечкиот систем, кој претставува знаење на постоечкиот систем во разбирлива форма”. Математичките модели можат да бидат во повеќе форми, кои ги вклучуваат динамичките системи, статистичките модели, диференцијалните равенки, или теоретски моделите засновани на игри, кој сепак немора да значи и дека се единствени. Овие и други видови на модели, можат да се преклопуваат со даден модел вклучувајќи различни видови на апстрактни структури. Системот е збир од интерактивни или независни ентитети, вистински или апстрактни, формирајќи една интегрирана целина. Концептот на интегрирана целина, исто така може да биде одреден како систем кој опфаќа збир на односи кои се разликуваат од односите на другите поедини елементи, како и од односите на елементите кои се дел од системот како и од оние елементи кои не се. Динамичкиот систем моделиран како математичка формализација има неменливо правило кое ја опишува временската зависност од позицијата на елементот во која се наоѓа. Мали промени во составот на системот доведува до мали премени и во бројките. Правилото на динамичкиот систем е неменливо правило која ја опишува идната состојба како резултат на сегашната состојба. Правилото е определено: за даден временски интервла може да следи една идна состојба која е последица од сегашната состојба.

Теорија

Останатите општествени научници ја потенцираат субјективната природа на истражувањето. Овие научници делат заедничка социјална теорија која вклучува различни перспективи како: • Критичка теорија е испитувањето и критиката на општеството и културата, извлечено од знаењето на општествените науки и хуманизмот како научни дисциплини. • Дијалектичниот материјализам е филозофијата на Карл Маркс кој го формулира со преземање на дијалектиката на Хегел и со приклучување кон Материјализмот на Фојебах. • Феминистичка теорија е продолжувае на феминизмот во теоретска или филозофска дискусија, која има за цел да ја разбере природата на половата нееднаквост. • Марксистички теории како револуционерни и класни теории, ја обрабтуваат работата во филозофијата која е под силно влијание на материјалистичкиот пристап кон теоријата на Карл Маркс или пак кон теориите напишани од Марксистите. • Фронетската општествена наука е приод кон проучувањето на општествените – вклучувајќи ги и економските и политички феномени врз основа на современото толкување на класичниот грчки концепт phronesis, кое е различно преведено и има повеќе значења како: практична проценка, здрав разум или внимателност. • Постколонијална теорија ги претставуваа реакциите на културното наследство на колонијализмот • Постмодернизмот се однесува на појдовната точка за книжевните дела, драма, архитектура, кино и дизајн, како и во маркетинг и бизниси, толкувањето на историјата, правото, културата и религијата кон 20 век. • Теорија на рационален избор претставува рамка за разбирање и често формално моделирање на општествено и економско однесување. • Општествениот конструктивизам е знаење кое разбира како општествените феномени се развиле во социјален (општествен) контекст. • Структурализам е пристап кон науките за човекот кои се обидуваат да анализираат одредена област (на пример митологија), како комплексен систем на меѓусебно поврзани делови. • Структурен функционализам е социолошка парадигма која се однесува на тоа кои општествени функции на разни елементи од социјалниот систем ги извршуваат во однос на целиот интегриран систем. Други општествени научници употреуваат алтернативна природа на истражување. Овие научници делат заедничка теорија која ги вклучува следниве перспективи: • Интелектуалната критика го опишува чувството на критика, критички осврт или евалуација на интелектуалци и интелектуални определби. • Научената критика ја претставува критичната позиција на науката и научниот метод. • Рационалениот критикцизам ја претставува културната реакција против позитивизмот во почетокот на XX век.

Образование и диплома

Повеќето универзитети нудат дипломи во полињата на општествените науки. Звањето Дипломец во областа на општествените науки е диплома насочена кон општествените науки во целина. Тоа е често пофлексибилно во однос на другите дипломи кои во себе вклучуваат предмети од општествените науки. Во САД, одреден Универзитет може да му понуди на студентот кој учи во полето на општествеите науки “Дипломец во областа на уметност”, особено ако полето на изучување ги опфаќа едни од традиционалните либерални уметности, како што е историјата. Други институции пак издаваат дипломи за особени општествени науки како што се на пример, економијата (дипломиран економист), кои пак се релативно ретки во САД.